Објавени: окт. 11 2021 04:33

Семеен имот во природа... реон МАТКА

Објавени: окт. 11 04:33
Прегледи: 49
СЕМЕЈНА КУЌА ВО ПРИРОДА
................ 190м2 активен станбен простор, на плац (имот) од 2.700 м2, ..... цена 330.000 евра

Градба 2015/16 година
Ви претставуваме имот – семејна куќа во природа, - која со своите дизајнерски и кориснички специфики и автентичност се издвујува како ретка вредност во нашето урбано живеење .
Лоциран е на 15км од центаот на Скопје, на патот непосредно пред западниот влез на природниот резерват ЈАСЕН, во шумските падини над кањонот Матка.

ПЛАЦОТ е поранешна шумска падина покрај самиот локален пат која за потребите на проектот за изградба на објектот е скалесто преработена со три нивелации. За таа цел се изградени потпорни ѕидови од камени блокови обработувани специјално за таа намена и обликувани на лице место. Тие потпорни ѕидови се рационално искористени како важни делови од екстериерот и дел од ДВОРОТ, кој во фронталниот дел е изведен со карактеристично хортикултурно решение и водоводна инсталација со темпломат (автоматско “паметно“ управување со наводнување во периоди на подолго отсуство на грижа).
Влезната капија во дворот овозможува комотно паркирање на 5-6 возила

ДРВЈАТА .... Покрај посебно аранжираниот хортикултурен сегмент под дневниот простор од домот, имотот целосно го сочинуваат тревни површини на повеќе нивоа и шумски сегменти од даб, габер и јасен.

СТАНБЕНИОТ ОБЈЕКТ се состои од:
- дневен салон со излез на трем,
- кујна со трпезарија од која се излегува на трем (покриена тераса) од цца 50м2,
- две спални соби
- две бањи.
Остатокот од станбениот простор го сочинуваат:
- ходник кој ги поврзува дневните простории,
- внатрешни скалила кои водат кон горниот кат со интимни простории (спални, бања, тераса...)
- подрум (сутерен) од 40м2 целосно организиран како работен простор, обезбеден со метална врата и индустриски под
- летна кујна од камени блокови со комплетна инфраструктура (скара, шпорет, лавабо и сл.)

ГРАДБАТА претставува исто така своевиден уникат во однос на вложениот материјал и неговиот квалитет. Според проекто т на архитектонското студио, конструкцијата од армиран бетон е поствена на 12 стопи, со комбинација на камени ѕидови и тула. Фасадните ѕидови со вонстандардна дебелина се обложени и од надворешна и од внатрешна страна со 2 цм дополнителен малтер, а фасадната облога е со термо-материјал од 5цм.

Сите ПРОЗОРИ и СТАКЛЕНИ ПАНОА се изработени од повеќекоморен метал и облога со текстура на дрво, со двојно термопан стакло. Сите излези кон терасите и верандите се со целосни повеќекрилни паноа.

ГРЕЕЊЕТО е изведено со радијаторски систем во сите простории, со радијатори од италијанско производство. Централната точка се состои од камин на дрва со капацитет од 42 киловати. Но во задниот дел на објектот е изведена посебна просторија (пункт) со поставен алтернативен механизам за приклучок на греење на гас (плин) со електронско / далечинско управување.

САМИОТ ЕНТЕРИЕР е конципиран со детали и единици на намештај посебно проектирани и изработени во заедничка композиција на просторот, како делови од една проектно обмислена целина: скалите од буково дрво, бродскиот под, делови од намештајот и греди изработени од ореово дрво и бел бор ....
Намештајот (мебелот) освен неколку поединечни парчиња, останува со куќата и во цената како целина
Контакт телефон ....Јован 075228550
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
49
075228550

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации