Објавени: септ. 19 2023 01:02

Se bara koordinator na megjunarodni volonteri

Објавени: септ. 19 01:02
Прегледи: 28
Аплицирање со кратка биографија и мотивационо писмо на [email protected] најдоцна до 01.10.2023

Работни обврски:

• Да ја координира работата на меѓународните волонтери
• Подготвува нови волонтери да започнат со волонтирање во Крик
• Да подготви неделна програма соодветно потребите на волонтерите и организацијата
• Да го следи развојот и стекнување на нови вештини на волонтери
• Да организира координативни и евалуациски состаноци со волонтерите
• Да обезбеди техничка и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат во склоп на активностите на волонтерите
• Да фацилитира сесии на различни теми за почетна обука на волонтерите (4 дена обука-програмата е веќе подготвена)
• Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
• Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
• Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
• Заедно со тимот на Крик создава нови програми во зависност од потребите на целната група и ги вклучува волонтерите во истите
• Го координира процесот со наоѓање и одржување на она што е потребно за живеалиште за волонтерите

Потребни квалификации:

 Компетенции за фацилитација на настани и активности за млади лица со попреченост и без;
 Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности;
 Да има познавање од едукативните настани од програмата Европски солидарен корпус и Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
 Флексибилност при одговарање на менување на потребите на волонтерите и извршната канцеларија;
 Способност да придонесува и работи во тим;
 Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
 Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
 Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
 Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
 Да има искуство во координирање/поддршка на група на волонтери при спроведување на програми
 Да го разбира Европскиот волонтерски сервис ***работа со ЕВС тволонтери и ЕВС искуство се смета за предност;
 Да има познавање од работа во мешани групи со лица со попреченост и без;
 Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик.

Што нудиме:

Флексибилна работна средина
Тим спремен да ве поддржи во работата
25 дена годишен одмор
Патувања во странство на работни состаноци и обуки
Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот)
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
28

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации