Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Учење странски јазици од најрана возраст – Кој е најдобриот период?

Учење странски јазици од најрана возраст – кој е најдобриот период?

Живееме во свет каде познавањето втор јазик не е веќе „луксуз“ туку потреба за да може да функционираме. Изучувањето странски јазици, според новите програми на образование е воведено уште од самиот почеток на образовниот процес. Децата ја имаат способноста за брзо учење и адаптирање на нова средина, така што според некои истражувања добиен е заклучок дека изучувањето на Англискиот јазик може и треба да започне уште во предшколските години.

Во следниот прилог можете да ги разгледате нашите совети кога е најсоодветно време за Вашето дете да започне со изучување на Англиски јазик.

Англиски јазик уште од најрана возраст

Сите сме сведоци дека децата се како „сунѓер“ кои ги примаат информациите на лесен начин. Ставот за изучување на Англискиот јазик до третата година на детето, е различен. Додека некои родители сметаат дека овој период, кога детето го учи мајчиниот јазик, е најдобар да се започне со изучување на Англиски јазик, други пак сметаат дека на тој начин детето ќе биде преоптоварено и ќе доведе до забуна при користење два јазици истовремено. Сепак, програма и часови за изучување на Англиски јазик до оваа возраст постои, за сите родители кои сметаат дека нивните деца се способни и подготвени за овој процес.

Предности на изучување странски јазици до петтата возраст на детето

Според истражувањата учењето странски јазици до петтата возраст на децата е најдобриот период за совладување, каде децата имаат најголема способност за учење, памтење, прилагодување и прифаќање на нови средини и промени. Тоа не значи дека во понатамошниот развој детето нема да памети или изучува, туку како што поминува времето овие способности слабеат и се со помал интензитет. Поради тоа, изучувањето странски јазици кај лица кои се веќе возрасни е потешко, отколку кај децата до петта годишна возраст.

Создадете работна навика кај Вашето дете уште во предшколска возраст

Учењето странски јазици, посебно Англискиот, уште во предшколската возраст на детето е одличен начин за стекнување работна навика за учење нови работи и приспособување. На овој начин Вие му помагате и го подготвувате Вашето дете за она што понатака следува во образовниот процес. Навистина, ова започнува преку игрите со другарчињата, но потоа преминува на следно ниво токму на овој начин. Така, тоа нема да се почувствува панично, односно ќе го избегне стравот од соочување во почетокот на основното училиште.

Кои се начините преку кои децата учат Англиски?

Тоа е процес на учење преку цртани филмови на Англиски јазик, детски книги и музика на странски јазик и слично. Овој процес е потполно различен од изучувањето странски јазик кај возрасните. Значи сето тоа се одвива преку забава, спротивно на класичните часови за странски јазици.

I Учење странски јазици преку цртани филмови и музика

Денес, во ова модерно време во кое живееме, многу е лесно да се пристапи кон цртани филмови и музика за деца на Англиски јазик, што можеби е и најдобриот начин на учење.

Децата многу лесно го восприемаат она што го слушаат и го користат при комуникацијата со другите деца. Така, како детски филмови кои денес може да ги издвоиме се Peppa Pig, Frozen, Mia and Me, Mickey Mouse и многу други.

II Учење странски јазици преку книги и игри за деца – едукативни материјали

Како и цртаните филмови, исто така и едукативните материјали за учење странски јазици се лесно достапни. Постојат различни книги, боенки, сложувалки, приказни на Англиски јазик кои ќе му помогнат на Вашето дете преку забава да ги совладува новите зборови и содржини.

Најдобро е детето само да се потруди да го пронајде одговорот или со Ваша помош преку појаснување на дадените слики на мајчин јазик.

Не наметнувајте му преголем товар на детето

Веќе во неколку наврати напоменавме дека децата се тие кои на брз и едноставен начин ги примаат новите содржини и лесно се приспособуваат, па поради тоа и полесно ги изучуваат странските јазици од возрасните.

Многу е важен и Вашиот пристап кон Вашето дете. Правете го тоа преку забава, илустрации, слики и видеа, за и Вашето дете да го прави тоа со задоволство. Премногу притисок или наметнување на повеќе од доволното, секогаш дава негативен резултат.

Затоа, бидете внимателни и трпеливи, и очекувајте одлични резултати.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации