Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Сезонска работа за студенти – како да заработиш пари за на одмор?

Сезонска работа за студенти – како да заработиш пари за на одмор?


Сезонската работа за студенти во текот на летните месеци е многу актуелна и барана,  а за голема среќа понудата за работа е исто така голема. Дали се работи за сезонска работа на море или постојана работа од дома, можностите се големи. Во продолжение неколку предлози од нас за како најлесно да стигнете до потребните пари за Вашиот летен одмор.

1. Администратор за работа со податоци

Администратор за работа со податоци е секогаш добра опција за работа преку лето од дома. Голем број фирми се во потрага по лица на кои работата ќе им биде внесување на податоци во компјутер, со евентуална потреба од англиски јазик. Студентите често се одлучуваат за оваа работа, која нуди добра заработка, но никогаш не се зема во предвид дека може и подолго од осум часови да Ви биде работното време дневно.

Доколку сакате брзо да заработите добар џепарлак во текот на летото ова е одлична шанса за Вас. Само важно е да Вашата концентрација биде на високо ниво цело време додека работите, а прецизноста е задолжителна за вработување на оваа позиција. Доколку не сте личност што може да седи осум часа пред комјутер, тогаш подобро да се одлучите за некоја од другите наведени работи, а оние кои ќе пронајдат и се одлучат за оваа позиција сигурно  ќе се задоволни од крајниот успех и добро заработениот џепарлак.

 

2. Угостителство на море – работа за студенти на плажа

Каде подобро може да заработите за море, ако не на море? Секоја летна сезона голем број на студенти заминуваат на најпознатите летни дестинации за сезонска работа, во летните барови и угостителските објекти. Некои се одлучуваат за работа во хотел на рецепција, а други бираат да бидат келнери во ресторани и барови на плажа.
Заработката на море е најдобра во ресторани, кафичи и пицерии. Статистиката покажува дека од година во година побарувачката на келнери е најголема кога е сезонска работа во прашање и скоро е невозможно да не најдете работа ако сте се упатиле на море поради тоа. Секоја нова туристичка сезона подразбира отворање на низа нови барови, локали и кафичи, а во најголем број од ваков тип објекти потребни се кувари, шанкери, коктел мајстори, и келнери. Доколку сте добар за готвење или знаете некој трик за добра пица, за Вас сигурно ќе се најде место во некоја пицерија или слаткарница. Од друга страна тука е и работата како продавач на сладолед, што е многу полесно од претходно наведените работи, а исто така е многу барана секоја нова туристичка сезона.

Зошто потребната сума на пари за одмор, е баш најдобра опција да ја заработите на море?

Студентската сезонска работа на море има една сјајна предност, а тоа е дека во текот на летото, пред или после работното време може да уживате на плажа, а и во слободните денови секако. Освен тоа, заработените пари може да ги искористите за останување во истото летувалиште, но со свои барања кои сметате дека ги заслужувате, а сега може да си ги дозволите. Истотака со парите кои сте ги заработиле може и да отпатувате, бидејќи сигурно ќе Ви бидат доволни од работата како келнер.

3. Пакување и редење роба – секогаш достапна студентска работа

Студентските сезонски работи може да се пронајдат и во Вашето родно место, или во местото каде што студирате. Една од секогаш достапните работи е пакување и редење роба која се работи во магацини на разни брендови.
Овој тип на работа може да го пронајдете самостојно или преку студентски организации, а со работодавачот може да се договорите за работното темпо и работното време. Пакувањето роба може да го работите како сезонска работа, или пократко, но сепак ќе Ви обезбеди добар џепарлак. Цената на саатниците за вакви работни позиции варираат од фирма до фирма, а со оглед на тоа дека скоро сите бараат работници, имате можност да си одберите опција која Вас најмногу ќе Ви одговара во однос на заработка, локација и слично.
Предноста на ваквата сезонска работа е што може да ја работите паралелно додека учите или студирате, затоа што останувате во својот град, а во најголем број на случаи имате можност да се договорите со работодавачот да се работи во дневни или ноќни смени.

4. Промоција – најактуелни студентски сезонски работи

Колку често Ви приоѓаат промотери на некој бренд на улица, за да Ви дадат флаер или кратко да претстават некој производ? Голем број од нив покажуваат колку е работата како промотер достапна, делење флаери, презентација на производ или услуга или некој сличен тип промоција кој може да Ви стане и Ваша работа.

Ваков тип на работа може да ја работите во било кој град, а се што треба да направите е да се јавите во фирма кој бара промотери. Секој што нуди производи или услуги, најверојатно има потреба и од промотери за истите, па до ваков тип на работа може да стигнете лесно преку јавување директно во фирмата или јавување на огласи.

Се работи за разни видови промоција, а Вие во согласност со Вашите сопствени желби може да се одлучите за делење флаери на улица или промоција на производи во шопинг центрите и продавниците. Исто така, еден вид промоција подразбира и некои видови на посериозна презентација и демонстрација на услугите и работата на некоја фирма, па за ваков тип на работа потребни се и добро развиени комуникациски вештини. Во согласност со тоа и Вашата заработка ќе биде поголема.

5.  Заработка за море на рецепција во хо(с)тел

Доколку одлично зборувате англиски јазик и дополнително знаете уште еден до два јазици, сезонската работа како рецепционер секогаш може да биде одлична можност за заработка на море. Доколку сакате брзо и лесно да дојдете до работа, обратете директно во некоја од хотелите и хостелите кои се расположени да Ви пружат шанса за работа.
Работа како рецепционери најдобро ќе најдете во некој хостел, бидејќи за работа како рецепционер во хотел може и да се бараат дополнителни вештини и квалификации. Тука се и работите како собар, портир и одржување на хотелскиот простор, па може да се распрашате и за овие позиции. Можностите се разни, а овој вид на работа може да го работите на некоја од туристичките места, но истотака и во родниот град.

Ова се некои од предлозите за добра и релативна заработка за на море, а освен тоа што ќе направите пари ќе стекнете и искуство кое може да Ви помогне во понатамошната потрага за работа. На Пазар3 може да пронајдете одлични сезонски работи, од кои некоја од нив може да биде идеална за Вас.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации