Објавени: јун. 10 2024 08:32

Новоградба Центар - студ. дом „Кузман Ј.-Питу“

Објавени: јун. 10 08:32
Прегледи: 1305
Во тек е изведбата на новиот проект „Центар 1“, кој претставува современ станбен објект за квалитетно домување, со особено модерно и ефектно визуелно-фасадно решение.

Објектот успешно ги доби позитивните МИС1 и МИС2 извештаи од страна ИЗИИС за неговата статичка изведеност и стабилност

Во моментот, објектот е во фаза на поставување на прозорци и внатрешни преградни зидови, и веќе можат да се видат внатрените распореди на станбените единици.
По оваа фаза, следат фазите електрика и водовод.

Објектот е лоциран во строгиот центар на Скопје, на ул. „Коста Шахов“ бр. 8, КО Центар 1, веднаш позади студентскиот центар „Кузман Јосифовски Питу“.

Со својата архитектура, висока естетика и имплементирани технолошки решенија, објектот ќе претставува модерен урбан белег.

Објектот е сместен во исклучително мирна микро средина, а е истовремено во централното градско јадро.

Со својата местоположба објектот е на пешачко растојание од главниот градски плоштад „Македонија“, многу културни знаменитости, градинки, основни и средни училишта, државни органи и институции.

Неговата местоположба објектот го прави поволен за исклучително квалитетно семејно домување, со сета потребна инфраструктура во непосредна близина, како и за деловно работење, издавање и работни канцеларии.

Објектот ќе биде сочинет од 8 станбени единици, П+4+Пк. Слободни се следните станбени единици: 54м2+двор, 34м2, 70м2 и 106м2.

За дополнителен комфор и квалитетно живеење, обезбедени се и 8 паркинг места и подрумски простории.

Планирани материјали за имплементација во објектот:
- Wienerberger надворешна цигла со 10cm термо изолација
- Прозорци REHAU SYNEGO 80 со тројно стакло
- RIGIPS системи на внатрешни преградни ѕидови со постигната звучна изолација од 54db и преградни ѕидови помеѓу станови и стан/ходник со постигната звучна изолација од минимум 70db
- Италијанска/шпанска керамика
- Греење и ладење преку мулти-сплит клима систем или топлинска пумпа со климатизационен систем преку фенкојлери и можност за исклучително економичен Rehau систем за подно греење&ладење, со специјална кошулица за топлотна спроводливост
- Проточен бојлер (Siemens. Stiebel Eltron, Bosch)
- Санитарија (Roca, Grohe, Geberit)
- Вградени казанчиња во бањите (Grohe, Geberit)
- Батерии (Grohe, Roca, Hansgrohe)
- Под од трослоен паркет
- Собни врати Supporta
- Влезна блиндор врата
- Smart-home систем и видеодомофонија

Повеќе на веб-страната: gibris.mk
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
1305
+38979339463

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации