Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

laptop buying guide


Водич за купување нов лаптоп

Доколку во изминатиот период размислува(в)те за купување нови лаптопи, тогаш повеќе од сигурно е дека сте се соочиле со голем број на предизвици и прашања - каков лаптоп да одберам? Дали мојот буџет може да го дозволи овој модел, и сл.

Затоа, Пазар3 како и многупати досега, така и овој пат, ќе Ви излезе во пресрет нудејќи Ви одлични совети кои ќе Ви го олеснат процесот на купување нови лаптопи од една страна, додека пак, од друга, овие совети ќе Ви помогнат да одберете лаптопи кои ќе бидат идеални за Вашата потреба и намена.


Големина и компактност


Големината и компактноста треба да бидат секогаш ваш приоритет, не само при купување на лаптопи, туку и на се што спаѓа под компјутери и електроника - таблети, мобилни телефони и се останато, бидејќи големината на уредот ќе има директно влијае врз лесноста при ракување со кое ќе се соочите, но и со целокупното корисничко искуство.

Генерално, големината на екраните на денешните лаптопи се движат од  11.6 инчи, па се до 17.3 инчи кои што спаѓаат во поголемата група која што не би била идеална за секој корисник, поради помалата портабилност и компакност која што ја нуди.

На пример, доколку сте фокусирани кон купување на лаптопи за домашна или канцелариска работа, тогаш поголемите модели би биле одличен избор за Вас.

Од друга страна, ако имате потреба од лаптоп за семинари, патување, тогаш компактноста би била првата карактеристика на која би требало да целите, па така, најдобар избор би Ви бил оние од 11.6 - 14 инчи.


Тип

Следната точка која што треба да ја имате предвид при купување на лаптопи е и типот, бидејќи не секој тип може да биде погоден за Вашата потреба, а тука, потрошувачите ги прават најголемите грешки.

Генерално, на пазарот ќе можете да наидете на следниве типови:


Стандарден (Notebook) модел

Стандардните лаптопи се познати и како "Notebooks", бидејќи нивната првична намена е да направат баланс помеѓу функционалноста и портабилноста.

Овие се најчестите модели на лаптопи, и истите се достапни во најразлични цени, почнувајќи од оние најевтините па се до оние кои што се поскапи.

Но, она што секој модел го нуди за својот корисник е продуктивноста која што ќе Ви помогне да завршите повеќе работи за пократок временски период, иако тука голема улога ќе има и цената која би ја платиле.


Ultrabook

Во ултрабук моделите спаѓаат сите лаптопи кои најчесто содржат конфигурација од Intel и со Windows оперативен систем, и истите се однесуваат на премиум лаптопи кои се впечатливи по својот неверојатно тенкиот дизајн, мала тежина, издржливата батерија, и силниот перформанс кој што ги прави одлични за професионална употреба.

На пример, оние кои се одлучуваат за купување на лаптопи кои спаѓаат во групата на Ultrabooks се најчесто професионалци кои сакаат да имаат лаптоп кој што е доволно моќен, практичен и лесен за користење каде и да одат.


Ultraportable

Ултрапортабилните лаптопи, како што наговестува и самото име, се најпортабилната класа на лаптопи кои имаат значително потенок дизајн од гореспоменатиот модел, и нивната тежина ретко надминува 1 килограм.

Единствената "маана" која што ја нудат овие модели за оние кои ќе се одлучат за купување на лаптопи од овој тип е речиси никаквата флексибилност во поглед на влезовите.

За да ја постигнат оваа компактност, производителите го "жртвуваат" бројот на влезови, па така, бидете спремни дека одредени влезови кои ги имаат речиси сите лаптопи, на овие модели истите не би биле достапни.


2-in-1 лаптопи

Ова се хибридни модели кои поседуваат карактеристики на стандардни лаптопи и на таблети, и тие се карактеристични по екранот на допир, флексибилоста при ракување ( можете да го менувате екранот за употреба во било каква позиција од 180 - 360 степени), но и по тоа што голем дел од нив немаат физичка тастатура, туку таа се продава одделно.

Најчесто,оние кои се одлучуваат за купување на лаптопи од овој тип се студенти, артисти, дизајнери, луѓето кои често патуваат и им е потребен екран на допир, и тн.


Chromebooks

Така наречените Хромбук лаптопи за првпат се пуштени во продажба во 2011 година, а како главни производители се јавуваат Google, Acer, Samsung, Lenovo, и HP.

Овие лаптопи се карактеристични по тоа што не се компатибилни со Windows оперативниот систем, туку исклучиво само со Chrome OS, евтините цени, и по тоа што имаат пониски цени од моделите на Apple, но и од лаптопите чиј што оперативен систем е Windows.

Како најзастапена популација која што го користи овој вид на лаптопи се студентите и оние кои што целат кон практичност и кон лесно и интуитивно корисничко искуство.


Спецификации

Спецификациите се едни од најважните работи при купување на лаптопи, бидејќи изборот директно ќе влијае врз перформансот и корисничкото искуство кое што ќе Ви го понуди самиот лаптоп.

Наш совет е да одбирате модели кои имаат SSD,  минимум Intel i5 процесор, рам меморија од 8GB, а јачината на графичките карти може да биде приоритет за оние кои што сакаат да играат игри, да работат видео едитинг и сл.

Се разбира, за домашна употреба ќе може да се задоволите и со послаби спецификации, но имајте на ум дека лаптопите со 4GB на рам меморија полека го губат своето место во современата употреба.


Батерија

Издржливоста на батеријата треба секогаш да биде една од најприоритетните работи при купување на лаптопи, бидејќи таа ќе Ви помогне да не бидете "врзани" до најблискиот штекер. туку напротив, да имате слобода во користењето.

Поскапите модели ветуваат подолго користење на лаптопот поради подобрите батерии, но, во пракса, тоа не мора да биде доволен показател бидејќи постојат надворешни фактори кои влијаат врз издржливоста.

Имено, начинот како го користите лаптопот ќе се одрази врз батеријата, јачината на светлина, големината на екранот, но и резолуцијата на екранот ( Full HD, 4K).

Генерално, лаптопите кои имаат помали екрани се познати по издржливата батерија, па направете компромис и одберете модел кој што ќе Ви го обезбеди потребниот баланс.

Наш совет би бил да немате толку доверба во она што го говори производителот, туку оние кои веќе ги купиле моделите за кои што сте заинтересирани.

Информациите би можеле да ги добиете со едноставно пребарување на интернет кое што ќе Ви ги намали шансите за одбирање на лаптоп кој


Се надеваме дека нашите совети Ви го олеснија изборот за купување на лаптопи, а последниот збор секако ќе го имате Вие, а Пазар3 ќе Ви стои на располагање нудејќи Ви одлични модели на лаптопи по одлични цени!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации