Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Водич за бебиситерки

Водич за бебиситерки: како да се сложувате со родителите, како да ги чувате децата и се околу тоа

 

Работата како бебиситерка гледано од страна, може да изгледа како работа од соништата. Посебно меѓу жените кои ги сакаат децата и кои сакаат да поминуваат време со нив.
Сепак од бебиситерките сите имаат големи очекувања.

Очекувања од бебиситерките – работа за која требаат многу вештини

Бебиситерките знаат колку оваа работа е убава, но воедно и комплексна и одговорна. Задачите кои ги имаат бебиситерките, поради нивната природа знаат да бидат многу тешки.
Од градење однос со детето кое треба да го чуваат, преку негување на истиот, па до сложување со неговите родителите и прилагодување на начинот на кој сакаат нивното дете да се воспитува и учи. Од бебиситерките се очекува тие да бидат учителки, негувателки, аниматорки, психолози, педагози, куварки и уште многу други работи.
Пазар3 ги препозна барањата на родителите за добра бебиситерка, а и потребите на добрите бебиситерки кои бараат работа, па затоа направивме посебно место на својата платформа посветено исклучиво за тоа. Кога е во прашање работа за бебиситерка, со помош на нашата платформа, многу брзо и лесно се наоѓа работа која се совпаѓа со желбите, потребите и барањата.
Сепак, тоа не е се!


Воведовме и нешто околку потребите на бебиситерките, како тие да научат да бидат подобри во тоа што го работат и да можат подобро да се претстават пред оние кои тоа го очекуваат од нив. Затоа истражувавме ние наместо нив, и во текстот кој следува ќе може да дознаете како бебиситерките да изградат квалитетен однос со децата кои ги чуваат, како со нивните родители итн.

Бидете добро подготвени, што точно ќе се очекува од Вас?

Како бебиситерка, најпотребно е добро да дознаете на која возраст ќе е детето кое ќе го чувате, па според тоа да го прилагодите своето однесување и начинот на кој ќе се поставите кон тоа дете.

Исто е и со тоа да знаете што се очекува од Вас. Дали Вашата главна задача ќе Ви биде само да го чувате детето, или ќе се бара и да му готвите, како и да ги завршувате домашните задачи кои ги има детето во градинка/училиште.
Се ова зависи од возраста на детето, но и од очекувањата на родителите.

Затоа Ве советуваме преку разговор да дознаете се за детето, за тоа што ќе се очекува од Вас како бебиситерка, да ги прашате родителите на детето се околку тоа, за да знаете што да очекувате и што Ве очекува. Она што е секогаш исто и не се менува е детето со Вас да биде безбедно, без разлика на која возраст е Затоа ова треба да го сфатите како најважна задача.


Потоа следи едукација!!


Распрашајте се, читајте, гуглајте и спремни одете на својот прв работен ден. На тој начин ќе знаете што да очекувате и како да се поставите.
Знаете за познатата поговорка „Најдобро е да се подготвите за настанот, пред да се случи“? Водете се по тоа и сфатете ја добрата припрема како клуч на добрата работа. Сигурно полесно ќе си ја завршите работата, родителите ќе бидат задоволни од истата, а со детето ќе изградите супер однос.


Бебиситерка – аниматорка и учителка

Бидете забавни!!
Да не се лажеме. Тешко дека детето ќе Ве дочекува со насмевка, ако само Ве поврзува со правење јадење. Затоа, најдете начин, барем дел од времето кое го поминувате заедно да се забавувате.
Прашајте ги родителите дали може да го одведите детето во парк, кино или игротека. Доколку имате време за интерактивни игри со детето, исто и тоа ќе Ви биде од помош. Избегнувајте го телевизорот и мобилните за аниминирање на детето. Многу родители имаат ограничувања на времето кое детето може да го поминува пред екраните, па многу е важно да ги прашате за тоа.
Мора да имате правила и детето да ги почитува истите.
Тоа што одреден период од денот ќе го поминувате во забава, не значи дека нема да правите корисни работи, како што се домашните задачи на детето, или ако е во прашање помало дете, во развивање на неговите вештини.

Детето не треба да Ве доживува како најдобар пријател, ниту пак како родител, пронајдете ја средината и уживајте во односот со детето и неговите родители.


Секогаш постојат домашни правила и правила на родителите

Сакате да знаете кој е патот на срцето до родителите чие дете го чувате?
Освен тоа што го ценат кога детето во Ваше присуство е потполно безбедно и заштитено, воедно и со корисни активности, но и забава, почитувајќи ги нивните домашни правила, како и генерално правилата кои ги имаат за воспитување на детето.
Да поедноставиме – доколку родителите на детето не сакаат нивното дете да јаде чоколади, почитувајте го тоа. Сакаат детето само да одлучува што ќе се облече? Придржувајте се до тоа!
Освен тоа, родителите сигурно имаат и правила околу куќата, па добро би било кога ќе се видите со нив да побарате да Ви ги објаснат. Секако, дека и овие правила како и сите останати треба да ги почитувате. Вака ќе ја стекнете довербата на родителите,ќе бидете внимателната бебиситерка на која ќе може да се потпрат целосно.


Со овие совети, сигурно ќе бидете најдобра во она што ќе го работите, а ќе ги научите сите тајни за успешна бебиситерка. Доколку моментално сте во потрага на работа – брзо и едноставно поставете оглас на нашиот сајт. Сигурни сме дека брзо ќе пронајдете родители кои бараат бебиситерка за своето дете и дека успешно ќе се снајдете во улогата.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации