Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Видео состанок од дома - Што треба да знаете?

Видео состанок од дома - Што треба да знаете?

Иако видео состаноците не се новитет во работата, сепак, поради корона кризата, се поголем број на компании започнаа да практикуваат работа од дома а организирањето го вршат онлајн преку видео состанок што е и повеќе од очекувано.

Поради тоа, Пазар3 се одлучи да Ви понуди неколку совети кои ќе Ви бидат од корист, за да добиете одговори на најмногу поставуваните прашања во поглед на дрес кодот, позиционирањето на лаптопите , како да останете фокусирани и тн со цел да бидете што е можно попретставителни пред вашите колеги и надлежни.


Дрес код за видео состанок од дома

Генерално, секоја компанија си има свои правила и критериуми кои ги нуди заедно со самата работа, без разлика на која индустрија припаѓа - администрација, сметководство и консалтинг, информациона технологија, маркетинг и медиа, туризам и хотелиерство итн, а една од нив е и дрес кодот.


Имајќи го предвид фактот што физичките состаноци се заменети со видео состанок од дома, комодитетот во вашиот дом не треба да се одрази врз тоа да не изгледате професионалнo како што и впрочем треба.

Затоа, подгответе се исто како и на работа, бидејќи од психолошки аспект тоа ќе Ви помогне да останете продуктивни и сериозно да си ја вршите својата работа од дома

Основното правило е да избегнувате шарени бои, или пак пресветли/претемни бои поради тоа што сепак се работи за видео состанок од дома, а не состанок кој што се води очи во очи, па така, камерата не би можела да го долови вашиот изглед како што треба.


Каква треба да е позадината додека го водите вашиот видео состанок од дома?

Позадината е една од најважните работи кои што треба да ги имате на ум при водење на видео состанок од дома, бидејќи фокусот треба да бидете Вие, а не тоа што се случува до вас, околу вас или позади Вас.

Затоа, исчистете ги вашите соби заедно со вашето биро за компјутер / маса за компјутер и потрудете се да не постои (голема) бучава во вашиот дом за време на вашиот видео состанок од дома, бидејќи вниманието не треба да се одвраќа од ниту едни внатрешни/надворешни фактори.

Aко сепак, не можете целосно да ја намалите бучавата поради вашите деца, тогаш послужете се со слушалките кои би имале некакви технолошки додатоци за изолирање на бучавата додека зборувате.


Светлина

Светлината за време на видео состанок од дома е клучна за да бидете прикажани во најдобро "светло", па затоа, настојувајте светлото во собата да Ви биде балансирано - ниту премногу светло ниту премногу темно.

Ако сметате дека светлината не е во најдобро издание, тогаш додадете светилка пред вашето лице или пак променете ја положбата и бидете изложени на природна светлина која што доаѓа од сонцето на некое друго место во вашиот дом.


Kако да ја поставите камерата?

Најпрво, направете мал тест и проверете дали сегашната положба на вашиот лаптоп е доволно добра за да го прикаже вашето лице и позадината на најдобар можен начин, а доколку забележите некакви недоследности, тогаш подобро би било истите да ги отстраните додека е време.

Истото важи и за оние кои работат од десктоп компјутери и користат прикачени веб камери, бидејќи во вториот случај, Вие ќе имате поголеми можности при позиционирање со оглед на фактот што камерата не е фиксна.

Откако ќе го завршите овој дел, тогаш сте повеќе од спремни за започнување на видео состанок од дома!


Препораки за да останете фокусирани за време на вашиот видео состанок од дома

Иако постојат многубројни работи кои би Ви го одвлекле вниманието од состанокот макар и на еден момент, сепак, она што треба секогаш да настојувате да го правите е истите да ги елиминирате што е можно побрзо, бидејќи тоа е неопходно за да го извлечете максимумот од секој видео состанок од дома.

Најпрво, исклучете го вашиот телефон, земете лист хартија за забелешки и потрудете се кога не зборувате, да обрнете внимание на оној кој што говори, а доколку пак имате некои прашања, истите напишете ги на листот па откако соговорникот ќе заврши, тогаш поставете ги.

Ако пак, треба да го споделите вашиот екран, во тој случај, погрижете се сите табови кои не соодејствуваат со работата да ги исклучите бидејќи истите нема само да Ви одземат внимание при објаснување, туку ова може да Ве прикаже и како несериозни.

И да, најважно е да бидете на време бидејќи ако доцните, бидете сигурни дека ќе имате многу нејаснотии а тоа ќе доведе до значаен пад за концентрацијата до крајот на работниот видео состанок од дома.


Говор на тело - совети кои ќе Ви бидат од корист

Доколку сите горенаведени препораки ги ставите во пракса, она што би недостасувало за да бидете идеален соговорник/колега е и говорот на тело кој што ќе говори наместо вас на индиректен начин, а тоа е најчестата работа која што ја забележува секој еден за нас.

Имено, при објаснување, не бидете премногу гестикулативни бидејќи фокусот нема да бидете Вие и тоа што го говорите, туку вашите раце, додека пак, од друга страна, стојте исправено и покажувајте интерес со вашето лице додека останатите колеги зборуваат.

Она што неретко се случува е луѓето да си "играат" со пенкалото за време на видео состанок од дома, а тоа прави дистракција и за Вас и за сите оние кои што се со вас за време на состанокот.


Се надеваме дека овие совети Ви беа од корист,, и дека истите ќе Ви помогнат за време на вашиот видео состанок од дома, бидејќи истите се наменети за да го подигнат нивото на професионализам кое што ќе го прикажете пред вашите колеги и надредени.

Практикувајќи ги овие совети, на долг рок ќе Ве направат и подобра професионална личност која што би се однесувала одлично на секој состанок, без разлика дали се работи за видео состанок од дома или пак во физичко присуство.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации