Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

import of vehicles from Germany


Увоз на возила од Германија - Предности и недостатоци


Увозот на користени возила од Германија e најчестиот избор на огромен број на возачи кои што се во потрага по половни автомобили, а воедно и на голем број на авто плацеви чија што понуда на користени возила се состои токму од автомобили кои што се увезени од Германија.

Доколку во изминатиот период се повеќе размислувате за увоз на возила од Германија, но, сеуште сте во дилема и се сомневате дали одлуката е правилна, во оваа статија ќе ви откриеме кои се предностите и недостатоците со кои би се соочиле при увоз на возила од Германија!


Предности

Најпрвин, да започнеме со предностите, односно зошто увозот на возила од Германија е одличен за вас, и кои се причините кои би требало да ве натераат да се одлучите на овој чекор!


Широк асортиман на возила

Една од најголемите предности со која ќе се соочи секој оној кој што е заинтересиран да направи увоз на возила од Германија е токму широкиот асортиман на автомобили кој ќе ви биде достапен.

Имено, од германскиот пазар без никаков проблем би можеле да направите увоз на возила од брендовите на Volkswagen, Mercedes, BMW, Opel, Fiat, Ford, Seat, Peugeot, Renault, Audi, Toyota, како и на останатите марки на автомобили, и тоа од поновите модели кои што во моментов не се на продажба во Македонија, или пак нивната цена е превисока за вашиот буџет.

Впрочем, ова е и најголемата причина поради која се поголем број на луѓе се одлучуваат да отпатуваат самоиницијативно со цел да направат увоз на возила од Германија.

Исто така, имајте на ум дека според последните информации, во Германија постојат над 350,000 дизел-возила кои што не можат да се продадат, а тоа се должи на се поголемиот број на закони во оваа држава кои што налагаат комплетно исклучување на дизел возилата од користење.

Па затоа, чувствувајте се слободни во намерата да направите увоз на возила од Германија, бидејќи сигурно би имале повеќе опции при купување за разлика од малиот пазар во Македонија.


Прифатливи цени

Во поглед на цените, нема да ви биде потребно долго време пред да се уверите дека цените на половните автомобили во Германија се поевтини од оние кои што се нудат во Македонија, а тоа ги опфаќа дури и поновите модели.

Па така, на пример, би можеле без никаков проблем да наидете на добро сочуван golf 5 1.9 чија што цена изнесува околу 1950-2800 евра, во споредба со golf 5 чиј карактеристики се слични, а цената може да биде помеѓу 3700 евра па нагоре.

Во овој поглед, увозот се чини како далеку поекономична варијанта, бидејќи ако ги земете и трошоците за увоз и регистрација, вие ќе можете да заштедите неколку стотини евра кои би ги пренамениле за купување на нови гуми, резервни делови и останати авто делови и опрема.

Се разбира, цената може да варира во пракса, бидејќи постојат повеќе фактори кои директно влијаат врз цената - марката на моделот, поентцијалниот сервис, сочуваноста, моќноста на моторот, данокот, сличните давачки и сл.


Сочуваност

Возилата од Германија се познати по нивната сочуваност, бидејќи стандардите на германските патишта се високи, а тоа значи дека автомобилот би ви бил далеку повеќе сочуван отколку ако купите автомобил кој што бил секојдневно користен во Македонија.

Воедно, германците важат за големи перфекционисти како и во работата, така и во чувањето на возилата, што значи дека при увоз на возила од Германија, шансите за да одберете автомобил со мала километража кој што бил редовно сервисиран се навистина големи.

Тоа ќе ви оди во прилог и при евентуална продажба, бидејќи цената која што сте ја платиле во моментот на купување би можела да биде дури и иста со онаа со која што ќе го продадете автомобилот после неколку години.

Исто така, имајте на ум дека во просек, германците купуваат ново возило на секои 5-6 години, што значи дека во секој момент постои продавач чиј што автомобил ги испоплнува токму оние критериуми по кои што трагате веќе поголем временски период.


Совет при купување

За да ја зголемите ефикасноста а воедно и да заштедите при купување на автомобили од Германија, Пазар3 Ве советува да ги примените во пракса следниве совети:

- Избегнувајте огласи за автомобили од авто плацеви кои што се сомнителни, а ова особено важи за огласувачките сајтови за автомобили во Германија, за кои постои малку информации за сопственикот на автомобилот или веб страната.

Исто така, германските закони налагаат продавачот да ви ги открие сите информации за возилото, а тоа ви нуди голема заштита како купувач.

- Преговарајте околу цената, бидејќи тоа е основното право кое што го има секој купувач особено кога се работи за откуп на автомобили, наместо веднаш да се согласите на понудената цена, која што во моментот тотално е во склад со вашиот буџет.

 - Побарајте ја целата документација од продавачот која што е неопходна за царинење, а тоа подразбира сервисна книшка, извозна царинска декларација, привремени црвени регистарски таблици познати како "zoll", EUR1 сертификат и сл.


Недостатоци

Откако ги проследивме предностите при увоз на возила од Германија, она што следува е да ги дознаете и недостатоците односно потенцијалните "проблеми" кои ви ја нуди овој избор:


Сомнителна километража

Иако германските закони се почитуваат, сепак, како и насекаде во светот, така и во Германија, постојат изманици кои што ја "враќаат" километражата на возилата, а тоа нема да можете да го забележите имајќи го предвид надворешниот изглед на колата.

Па така, често се случува голем број на луѓе да направат увоз на автомобили од Германија, кои што по неколку месеци ќе ги покажат првите проблеми, а тие најчесто се во поглед на исправноста.

Сепак, да не генерализираме бидејќи постојат и одлични примери на сопственици кои што направиле полн погодок со самиот увоз на возила од Германија, бидејќи тие не наишле на вакви проблеми.

Во секој случај, ве советуваме повторно да ги прочитате горенаведените совети за купување на користени возила од Германија, бидејќи тие ќе ви помогнат да ги избегнете овие сценарија.


Би можеле да бидете излажани доколку целосно се потпирате на германските сајтови за огласи на автомобили

Измамниците ги користат сите алатки со кои би можеле да ја постигнат својата цел, а тоа би било многу кобно за секој оној кој што сака да направи увоз на возила од Германија.

Она што често се случува е луѓето да пребаруваат низ германските сајтови за огласување како "mobile.de", за да потоа, стапат во контакт со продавачите кои нудат најразлични автомобили за продажба.

Измамниците најчесто бараат од вас да уплатите дел од износот преку WesternUnion на ваше име, а подоцна, бараат од вас и да го кажете вашето целосно име и презиме за да тие проверат дали износот постои во WesternUnion.

Но, погодете што? Вашиот идентитет подоцна ќе биде фалсификуван, а парите ќе бидат извлечени, тука ќе можете да прочитате повеќе околу оваа измамничка шема.


Се надеваме дека во оваа статија пронајдовте одлични совети кои ќе ви помогнат да добиете поголема претстава околу тоа што нуди самиот процес на увоз на возила од Германија, како и кои се предностите и недостатоците.

За крај, оставаме на вас да одлучите дали предностите ги надминуваат недостатоците, или пак тоа е обратно, бидејќи сепак, на крајот од денот, вие ќе бидете тие кои што ќе ги возат овие возила.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации