Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

What customers expect when ordering online


Што очекуваат купувачите при онлајн нарачките?


Купувањето на интернет комплетно го видоизмени досегашниот начин на кои продавачите ги водеа своите бизниси, а воедно, и воведе нови современи методи кои имаат за цел да им обезбедат на потенцијалните купувачи можност да ги одберат своите способности со само еден клик, уживајќи во својот комодитет.

Но, дали знаете што уште очекуваат купувачите при онлајн нарачките? Во оваа статија, ќе можете да прочитате одлични информации кои ќе ви помогнат при зголемување на нарачките како и на бројот на задоволни купувачи!


Точна и бесплатна испорака

Речиси и да не постои купувач кој што прави нарачка од интернет, а притоа, не очекува испораката да биде во рамките на договореното, односно на времето кое што е прикажано на самиот сајт.

Точната испорака е една од најважните постулати на кои што се темелат модерните бизниси кои се занимаваат со продажба на интернет, па сето она што е вон овие рамки може да се покаже како слабост за бизнисот.

Од друга страна, доцнењето на испораките може да се види и како непрофесионалност и несериозност на компанијата, па така, домино ефектот е очекуван, односно, голем број од активните лојални купувачи ќе бараат друго решение за реализирање на своите потреби.

Покрај ова, бесплатната испорака е се почеста маркетинг стратегија кај огромен број на компании ширум светот, а да се биде во тренд е главниот предуслов за успех.

Затоа, како продавач, погрижете се да понудите разни предности за купувачот како што е бесплатната испорака.


Веродостојност

Купувачите при испораката сакаат истатата да биде веродостојна, односно, производот кој што треба да пристигне, треба да биде токму оној кој што го нарачале.

За жал, дури и најголемите бизниси не се имуни на "грешки", па неретко, поради лошата организација и логистика, неретко се случува на луѓето да им пристигне сосема друг производ.

Стандардните продавачи, пак, од друга страна, кои што немаат регистрирано бизнис и продаваат на најразлични платформи или социјални мрежи се соочуваат со уште поголеми предизвици, но, и грешки при доставата ( дали намерно или ненамерно).

Во секој случај, имајте предвид дека сечиј бизнис зависи од потрошувачите и врз нивната доверба, па, доколку ја изгубите довербата последиците би биле многу лоши.


Брз и респонзивен сајт со SSL заштита

Нарачките преку интернет најчесто се одвиваат преку платежна картичка, а безбедноста треба да биде приоритет на секој продавач, бидејќи во спротивно, купувачот не би ризикувал губење на лични податоци или финансиски средства како резултат на ниско ниво на заштита.

Имено, сајтовите кои што имаат "https://", наспроти "http://" се приоритетот на сите купувачи, бидејќи овој протокол на заштита нуди гаранција за заштита на податоците далеку повеќе од оние кои што немаат.

Втората работа која луѓето ја очекуваат при нарачките е и сајтот од каде што нарачуваат да биде брз, и респонзивен бидејќи во денешно време, времето е пари, а и никој не сака да чека со минути додека да го пронајде тоа што го сака.


Можност за давање на коментари и читање на оценки

Купувачите секогаш сакаат да бидат во можност да прочитаат какво е минатото искуство за одреден производ, без разлика дали тоа би било изразени преку оценка или текст.

Ова не е само добро за купувачите, туку оваа можност би говорела доста и за транспарентноста на сајтот, бидејќи во пракса, зголемувањето на нарачките како и на бројот на купувачи би ви бил загарантиран.

Практикувајте ги овие совети без разлика дали станува збор за продажба на живеалишта, електроника, облека, препарати за дом и семејство, автомобили, возила и се останато!


Следење на нарачката во реално време

При нарачувањето од интернет, потрошувачите сакаат да бидат информирани и околу процесот на испорака, односно, дали робата е примена, колку време би требало да пристигне до домот и сл.

Поради тоа, се поголем број на бизниси имплементираат апликации или сервиси кои ќе го гарантираат ова задоволство кај купувачите, а доколку и вие сте еден од продавачите, тогаш не заборавајте да го искористите ова и во вашиот веб сајт.

Во денешно време, тоа би можеле да го сторите преку систем, смс пораки, пораки на е-маил или пак преку апликација за смартфон, така да, опциите се навистина многубројни!


Можност за одбирање на пакувањето

Во денешно време, во зависност од нарачката, голем број на купувачи бараат од продавачите да им понудат можност за да одберат какво би требало да изгледа пакувањето, а овој тренд може да се забележи и во Македонија.

Имено, кога станува збор за подароци, луѓето сакаат истите да бидат одлично спакувани, а дизајните да бидат интересни, модерни, и впечатливи во зависност од поводот и потребата.

Па така, одлично би било да размислите околу нудење на ваков топ на нарачки за вашите купувачи, бидејќи тоа би можело да биде доста профитабилно за вас, а на нив да им заштеди време при барање на дизајни за пакување.


Можност за рекламација

Условите за рекламација би требало да ги креирате и донесете самите, но, во секој случај, тие треба да постојат, бидејќи често се случува нарачката да пристигне искршена, или пак, во лоша состојба.

Од друга страна, во зависност од продуктот, потрошувачите би сакале да имаат можност и да го испробаат истиот под одредени услови, бидејќи голем број на потрошувачи макар еднаш во животот се соочиле со лошо искуство.

Па, трансформирањето на нивното претходно лошо искуство во добро може да ви донесе и лојални купувачи на долг рок!


Се надеваме дека овие информации ви беа од помош како продавачи, бидејќи сега веќе однапред знаете кои се потенцијалните очекувања при нарачките од страна на вашите купувачи!

Следете го нашиот блог и во иднина, бидејќи тука ќе можете да пронајдете одлични информации од секаков карактер кои што ќе ви понудат решение за најразлични проблеми!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации