Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Шарпланинец- Предизвиик или Пасија?


Шарпланинец- Предизвик или Пасија?

Големи, силни и авторитетени, ова се се синонимите за кучето шарпланинец чија што раса го носи името на една од најубавите планини во Македонија, познатата Шар Планина каде што овие видови кучиња се најпопуларните и најмоќните чувари на стадата кои живеат по падините.

Но, дали одгледувањето на шарпланинец е исклучително пасија, или пак предизвик на кој што треба да му посветите многу време е една од најчестите дилеми со кои се соочуваат сите ониe кој размислуваат да започнат со чување или пак со огледување на шарпланинци.

Во оваа статија, ќе добиете одлични одговори кои ќе Ви помогнат да ги дознаете сите потребни информации за овие раси на кучиња.


Потекло

Иако расата шарпланинец важи за автохтона на нашите простори, особено во територијата на Македонија, Косово и ширум Шар Планина, сепак, во минатото постоела и теорија која ја поставиле научниците дека всушност, оваа раса на кучиња потекнува од падините на Хималаите на територијата на Тибет.

Па оттаму, првите шарпланинци биле донесени заедно со војската на Александар Македонски и останале да живеат во гореспоменатите територии.

Во секој случај, едно е сигурно - познатиот шарпланинец веќе со векови живее на Шар Планина, и е доволно прилагоден за да ги издржи сите предизвици и сурови температури особено во зимските месеци, по кои што се карактеристични нашите планини.


Факт кој можеби ќе Ве интересира

Шарпланинецот за прв пат бил регистриран како раса на куче во 1939 од страна на Меѓународната кинолошка федерација под името "илирско овчарско куче".


Карактеристики

Кога ќе здогледате шарпланинец, една од првите работи која што ќе ја забележите ќе биде големиот, и силен изглед кој што влева стравопочит и кај луѓето, но и кај предаторите како што се волците кои имаат потешкотии да се справат со моќноста на ова куче.

Поради тоа, шарпланинците се познати и како најдобрите пријатели на сточарите и како најголемите заштитници на овците, кои што се ееден од изворите на храна од голем број на предатори.

;Тело

Генерално, овие кучиња можат да достигнат висина од 75цм, имаат изразито, силна градба со глава чија големина е право пропорционална со телото, и тоа што е интересно за нив е тоа што женките изгледаат огромно, а мажјаците уште поголемо.

Зошто? Во споредба со женките кои имаат висина на грб околу 68 цм, кај мажјаците ова изнесува околу 82цм, додека пак, во килажа, кај женките таа варира помеѓу 45 - 92 килограми или 55 - 100 килограми кај мажјаците

Исто така, расата шарпланинци се карактеристични и по тоа што телото им е малку подолго од висината на грбот од околу 8-10% кај мажјаците и 10-12% кај женките.

Изглед

Вистинскиот, автохтонен шарпланинец има црно лице, темни/бадемови очи со кружна форма, сферична глава, прилично долги влакна од минимум 10цм, и уши кои што се прилепени за главата.

Опашката на шарпланинците е навистина долга и дебела, впрочем, таа ги достигнува и шепите, а карактеристично за шарпланинците е тоа што кога тие ќе ја кренат опашката, таа изгледа како лак.

Кога станува збор за бојата, вистинскот шарпланинец е еднобоен, но е достапен и во различни нијанси почнувајќи од темно сиво па се до комплетно црно, каде што доминантната боја е повпечатлива во горниот дел на главата, грбот и вратот, а посветлата во долниот дел на телото.


Темперамент

Од аспект на темпераментот, шарпланинците се навистина стамени и јадри кучиња кои што можат да Ви влеат страв ако им се приближите, а не сте им познати, а тоа е сосема нормално, особено доколку го знаете нивниот инстинкт на чувар кој што го поседуваат.

Имено, речиси и да не постои шарпланинец кој што не се одликува со високо ниво на дисциплина, лојалност кон сопственикот и по храброста што го прави доволно моќен да може да нападне и поголеми кучиња или пак неколку волци во исто време.

Како доказ за нивната лојалност стои и тоа што тие нема да Ве нападнат доколку сопственикот е во близина и не им одобри, и обратно.

Во секој случај, тие не се агресивни по природа, туку напротив, обожуваат да се галат но исклучиво само со оние кои што им се познати, имаат толеранција спрема децата, и не сакаат затворен простор, па затоа не се препорачуваат за семејства кои чиј живеалишта се становите, или пак куќите со мали дворови.

Следната работа која што го отсликува темпераментот на познатите шарпланинци е донекаде и нивната тврдоглавост која што е резултат на тоа што најчестиo тие носат одлуки сами, според сопствена проценка, но, со нормален тренинг тоа може да ублажи.

Па затоа, во поранешна Југославија, овие раси на кучиња се употребувале и за целите на армијата.

Информации околу исхраната, негата и грижата за шарпланинецот

Без разлика дали сакате да купите шарпланинец, или пак да започнете со одгледување на шарпланинци, во овој дел, Пазар3 ќе Ве запознае со најдобрите начини за исхрана, и како треба да се грижите за овие раси на кучиња на правилен начин.

Најпрвин, да започнеме со исхраната - шарпланинците можат да јадат буквално што и да им понудите, од леб па се до месо, бидејќи тие не се прибирливи, а тоа е резултат на исхраната што ја добивале од сточарите со векови.

Но, за време на развојот додека се мали, практикувајте исхрана која што е полна со витамини и минерални, наместо готова храна, и не заборавајте да ги носите на ветеринар за редовен преглед, но и за вакцинирање против црвени парази, беснило и останати болести.

Кога ќе пораснат, исхраната може да Ви се состои од комбинација од млечни производи,овошје, зеленчук, и месо, од кои најомилено им се месото од риба, свинско месо и јунешко месо.

На пример, еден оброк може да се состои половина од месо а половина од зеленчук, со еден збор, гледајте исхраната да биде што повеќе избалансирана.


Нега и грижа

Кога одбирате шарпланинец како домашен миленик, имајте на ум дека Вие избирате раса на кучиња која што има потреба од многу движење, физички активности, и од слободен простор за движење, па доколку планирате да одгледувате шарпланинци во вашиот стан, би Ви препорачале да не го правите тоа.

Последиците се големи и врз нивниот развој, но и ова ги прави да бидат исклучително агресивни.

Ако живеете во куќи, тогаш тоа е далеку подобра идеја заради тоа што кучето ќе има поголема слобода на движење, па доколку планирате да правите бокс, тогаш висината на оградата направете ја да биде над 2 метри.

Воедно, би сакале да Ве информираме дека шарпланинците не толерираат топлина и влага, па неопходно би било да им обезбедите ладовина и свеж воздух.

За крај, тренингот започнете го уште кога се бебиња бидејќи како што стареат, така се потешко ќе можете да ги отстраните лошите навики како што се "каснувањето" при играње, бидејќи иако е безболно кога се мали, сепак кучето треба да знае до кај треба да му бидат границите.


Пазар3 Ви стои на располагање во секое време за да објавите огласи за продажба на шарпланинци, но и за да најдете шарпланинци кои ги нудат продавачите на најбрз и едноставен начин, и тоа со само еден клик!

Се надеваме дека нашите информации Ви помогна да дознаете повеќе за каков тип на куче важи шарпланинецот, и доколку се одлучите некогаш за одгледување, гореспоменеатите информации ќе Ви помогнат многу при негата и исхраната, во ова бидете сигурни.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации