Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Пазар3 - За Чиста Преспа

Пазар3 - За Чиста Преспа

Пазар3 како опшествено одговорна компанија, активно се вклучи во проектот на општина Ресен за почиста Преспа - Чиста Преспа - Моја Преспа. Нашите вработени беа дел од големата акција за чистење на градот и целата општина, заземајќи учество во чистењето на Амфитеатарот и спортско рекреативниот центар пред С.О.У Цар Самоил - Ресен.

Tимот на Пазар3 учествуваше во големата акција на Чиста Преспа - Моја Преспа со цел да го поттикне секој еден поединец да постапува одговорно и да се грижи за животната средина. Преспа изобилува со природни богатства, секој еден од нас е потребно секојдневно да се грижи за истите, а секоја индивидуална постапка, навидум многу мала, сепак е многу значајна.

Искрено се надеваме дека заложбата на општина Ресен, и на сите поединци и институции, ќе придонеси за зголемување на свеста кај нашите сограѓани. 

 Пазар3 - За Чиста Преспа

Да бидеме совесни граѓани секој ден, за нас и за идните генерации!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации