Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

highest paid jobs in macedonia


Најдобро платени професии во Македонија


Во моментов, сте на почетокот на вашата кариера и ве интересира кои се најдобро платени професии во Македонија? Или пак, го достигнавте максимумот во вашата кариера, и во потрага сте по нови предизвици, а поради тоа размислувате и за промена на досегашната работа во професија која нуди одлична заработувачка?

Во оваа статија, ќе можете да ја проследите моменталната состојба на пазарот во Македонија, како и да дознаете кои се најдобро платените професии во нашата земја, па ова нека биде ваш поттик за да инвестирате повеќе во себе, се со цел да можете да бидете по конкурентни на пазарот!


ИТ и програмирање

Според ДЗС, најдобро платените професии се во областа на ИТ секторот и инженерството каде што просечната бруто плата во мај изнесува неверојатни 109.734 денари, или 1784 евра.

Во оваа категорија спаѓаат и сродни професии како веб програмирање, програмер на мобилни и десктоп апликации, администратор на бази на податоци, аналитичари на податоци, DevOps инженери, мрежни инженери, QA инженери, и сл.

За волја на вистината, овој податок е и повеќе од очекуван, имајќи го предвид фактот што модерните бизниси се повеќе имаат потреба од ваков кадар, бидејќи вештините се од огромно значење за растот и развојот на самата компанија.

Покрај ова, бенефитите за вработените се одлични и покрај стандардната плата, бидејќи постојат месечни, квартални и годишни бонуси, континуирани обуки што значи дека речиси секогаш би биле во тек со тековните трендови на пазарот на трудот.


ИКТ секторот

Просечната плата во секторот за комуникации и информации е околу 1324 евра, односно 81.475 денари, што веднаш ги става на второто место во оваа листа.

ИКТ секторот нуди одличен кариерен развој и одлична заработувачка за луѓето кои имаат афинитети спрема телекомуникациите, прикажување на електронски податоци, поддршка и тн.


Медицина и фармацевтска индустрија

Во медицината, и фармацевтската индустрија, просечната плата изнесува околу 761 евра, односно 46.816 денари, а тука, најмногу се истакнуваат дејностите во кои се произведуваат и нудат фармацевтски производи или препарати.


Финансии

Финансиските дејности отсекогаш биле атрактивни кај граѓаните на Македонија, а одличната заработувачка сосема дава одговор зошто овие дејности се толку популарни.

Имено, просечната плата изнесува околу 1.143 евра или 70.304 денари, а во оваа група спаѓаат работни позиции во областа на финансиско - услужните дејности

Потоа, следуваат дејностите поврзани со финансиско осигурување каде што просечната плата оди до  1,101 евра.


Воздухопловен транспорт

Воздухопловниот транспорт беше, а и сеуште делумно е еден од најпогодените гранки на економијата, бидејќи пандемијата ги попречи летовите ширум светот.

Пред пандемијата, просечната плата во овој сектор изнесувала околу 66.933 денари.


Маркетинг

Маркетинг дејностите вклучуваат најразлични професии, почнувајќи од HR, па се до водење на онлајн и офлајн кампањи, менаџери на социјални медиуми, SEO специјалисти и тн.

Просечната минимална плата изнесува 18,000 денари, но, највискиот просек може да надмине над 45,019,00 денари.

Имајте на ум дека искуството и во зависност од личните способности, платата може да биде во голема мера слична со онаа во ИТ секторот.


Kако Пазар3 може да ви помогне при одбирање на посакуваната работна позиција?

Со оглед на фактот што Пазар3 важи за најголемиот огласувачки сајт во Македонија, каде што луѓето се огласуваат поради најразлични причини, вклучително и за барање на работа, нашите услуги ќе ви помогнат да пронајдете работа од соништата како што отсекогаш сте сакале!

Имено, дневната посетеност на нашиот сајт ја надминува бројката од рекордни 70 000 посетители, а ова, во комбинација со опцијата за регистрирање на оглас во кој што барате работа, значи дека вашите огласи нема да поминат незабележано!

Истото важи и за компаниите кои што имаат потреба од кадар, без разлика на дејноста!

Се што треба да направите е да објавите оглас, а во него, да наведете за каква работна позиција станува збор - сметководство и консалтинг, транспорт и дистрибуција, градежништво и архитектура, земјоделствоагенти за продажба, па се до најразновидни работи во странство и работи од дома - изборот е само ваш!

Потоа, за да ја зголемите ефикасноста на огласите, ве охрабруваме да внимавате на уредувањето на огласите, бидејќи тие треба да бидат кратки јасни и на најдобар начин да ги прикажуваат вашите потреби и квалитети.

На крај, прочитајте ги и правилата за огласување бидејќи тие се клучот за да вашите огласи бидат одобрени од администраторите.

Доколку пак, сте личност коај штотуку сака да ја започне својата кариера, и веќе има одбрано работна позиција, тогаш ве охрабруваме да ја проследите оваа статија, бидејќи во неа, ќе пронајдете совети кои ќе ве трансформираат од практикант во професионалец!


Се надеваме дека оваа статија ви помогна да дознаете кои се најдобро платените професии во Македонија, а со самото тоа, дека веќе имате подобра претстава околу вашите очекувања во сегашната работа во споредба со она што може да го добиете во останатите дејности.

Па, се отвора прашањето - дали работите или пак, дали сакате да започнете со работа во некоја од гореспоменатите професии?

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации