Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Најдобар избор на автомобил за почетници

Најдобар избор на автомобил за почетници

Одбирањето на автомобил за почетници знае да биде и доста комплексен процес, бидејќи постојат повеќе параметри кои што треба да ги имате на ум, но, како и секогаш, така и овој пат, Пазар3 ќе Ви излезе во пресрет нудејќи Ви практични совети кои ќе Ви бидат од голема корист.

Па затоа, останете со нас во следниве неколку минути и прочитајте што имаме подготвено за Вас, со цел да ги дознаете потребните информации кои би Ви биле од корист при купување на автомобил за почетници.

Состојба - нова или половна?

Најголемата дилема со која се соочува секој возач, без разлика дали станува збор за почетници или пак за веќе искусни возачи е токму ова - дали да се купат нови возила или пак половни возила а тоа е сосема очекувано.

За волја на вистината, двете опции Ви нудат свои позитивни страни, но и негативни страни, а тоа е најчестиот проблем кој се јавува при избор на автомобил за почетници.

На пример, ако сте личност која што сака да купи автомобил во нова состојба, предностите кои што Ви стојат на располагање се: гаранција, никаква предходна амортизираност, современи технолошки додатоци за безбедност, но, поради ова, цената е далеку повисока, па така, буџетот треба да Ви биде далеку поголем.

Во споредба, ако се одлучите за користени автомобили односно на половни автомобили, предностите се исто така многубројни и тие вклучуваат: пониски цени, голем избор на автомобили, но, недостатокот е поминатата километража, нивото на сочуваност и сл.

Исто така, при купување на автомобил за почетници секогаш побарајте од продавачот мал тест возење, бидејќи на тој начин, Вие би имале подобра претстава околу што би можеле да очекувате од самото возило откако ќе станете негови сопственици.

Она што можеме да Ви го дадеме како совет е одлуката за купување на автомобил за почетници да Ви биде донесена исклучиво според колку можете да си дозволите во даден момент.

Прочитајте го законот за возачи почетници

При купување на автомобил за почетници, повеќе од неопходно е да ги прочитате одредбите кои стојат во законот за возачи за почетници, бидејќи тие се повеќе од клучни за да почетниците можат да купат автомобили кои се идеални за нивните знаења.

Како што знаете, моќноста на возилата, брзината со која се управува возилото мора да бидат исклучиво според она што е пропишано во законот, бидејќи во спротивно, почетниците ќе се соочат со прекршочна казна од надлежните органи.

Опрема и безбедност

При одбирање на автомобил за почетници, Пазар3 Ве советува да ги приоритизирате оние автомобили кои ги имаат следниве карактеристики, бидејќи нивната присутност значително ќе Ви ја подобри безбедноста и леснотијата при возење.

- Климатизација - иако ова не мора да биде ваш приоритет, сепак, ние сметаме дека климата е многу важен дел во процесот на одбирање на автомобил за почетници бидејќи таа е клучна за да имате пријатно возење во време на пеколните горештини, но ои во регулирање на влажноста на воздухот кој што може да резултира во замаглување на прозорците.

- ABS - при возење, често се случува да имате потреба од нагло закочување, или пак од безбедно закочување кога ќе се најдете во непријатна ситуација, па затоа, одбирањето на автомобили кои имаат anti-lock braking system(ABS) треба да биде секогаш ваш приоритет.

Зошто? Бидејќи овој систем ги контролира сопирачките и управува со нивното работење и однесување, со крајна цел да го задржи правецот по кој што возите без во ниеден момент да ја изгубите контролата над возилото.

- Серво волан - управувањето на возилата со серво волан е идеално за секој возач, а особено тоа е добро доколку се работи за возач-почетник, бидејќи овој тип на волан Ви овозможува беспрекорно лесно возење на кратки и долги релации.

- Мануелен менувач - како почетник, повеќе од потребно е да зачекорите по "потешкиот пат", и да одберете мануелен менувач бидејќи така ќе разберете како функционира менувањето на брзини, а тоа води и кон тоа да станете искусен и одличен возач кој што би се снашол и со автоматски менувачи без никаков проблем, а не обратно.

Зошто? Бидејќи ако се навикнете на автоматски менувач, а подоцна се одлучите да започнете користејќи мануелен менувач, тогаш ќе Ви треба повеќе време да се навикнете, па зошто би ризикувале?

Зошто Пазар3 е одлично место за купување на автомобил за почетници?

Пазар3 како најголемо огласувачко и купопродажно место во државата, е секогаш одличен избор за купување на било што, почнувајќи од автомобили, моторцикли над 50 кубика, мопеди под 50 кубика, па се до живеалишта, електроника и инвентар за вашиот дом и семејство!

Но, ако имате потреба исклучиво од автомобил за почетници, тогаш најдобро би било да започнете со пребарување на огласите, а нашиот систем во истиот момент ќе Ви ја покаже богатата понуда на користени возила односно на сите половни возила во македонија во рекордно време!

Широк асортиман на производи - на нашиот сајт без никаков проблем ќе можете да купите возила од Volkswagen, BMW, Mercedes, Kia, Suzuki, Honda, Opel, Mazda и нивните познати модели како golf 4, bmw 1, suzuki swift, opel astra / opel corsa, и тн.

Голем дел од понудените модели се повеќе од прикладни да бидат користени како автомобил за почетници, а во ова ќе можете да се уверите и самите.

Огромна посетеност - бидете сигурни дека вашите огласи за половни автомобили, и огласи за откуп/продажба на автомобили ќе бидат секогаш забележани на нашиот сајт, и тоа од огромен спектар на луѓе, бидејќи дневната посетеност на нашиот сајт надминува над 70 000 посетители!

Ова ќе Ви помогне да одберете автомобил за почетници без да се соочувате со потешкотии при наоѓање на соодветен продавач, а наместо тоа, сите ваши огласи за половни автомобили ќе Ви донесат сигурен контакт во најкус можен рок!

За крај, доколку сметате дека горенаведените совети и информации Ви беа од корист, а сеуште не сте го одбрале посакуваниот автомобил за почетници, тогаш бидете сигурни дека сега е вистинскиот момент за да регистрирате оглас кој што ќе Ви помогне во реализирање на вашата цел!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации