Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

what are the advantages of smart tvs


Кои се предностите на smart телевизорите


Појавата на smart телевизори направи вистински "бум" во светот на електрониката, а воедно, го промени и начинот на кој што ги доживуваме телевизорите, како и на гледањето на серии и филмови засекогаш, благодарение на многубројните предности!

Доколку не можете да го замислите животот без ТВ, а притоа, се двоумите дали да инвестирате во smart телевизори веќе подолг период, тогаш, во оваа статија ќе можете да се информирате, и да дознаете кои се предностите кои ги нудат smart телевизорите за своите сопственици!


Мултифункционалност

Една од најголемите предности кои ги добивате како сопственик на smart телевизор е токму ова - мултифункционалноста, односно, вие ќе можете да се поврзете со телевизорот преку други уреди без никаков проблем, а тоа вклучува таблети, лаптопи, мобилни телефони и се останато!

Ова се одлични вести за идните сопственици, бидејќи дури и кога би го "заборавиле" вашиот далечински управувач, тоа не значи дека треба да си ја нарушите комоцијата, и да станете да го барате.

Во споредба со стандардните телевизори, smart телевизорите се мултифункционални, па, поради тоа, вие ќе можете да се поврзете преку вашиот мобилен уред, тастатура или глувче, а тие ќе бидат идеална замена за далечинското.

Кога станува збор за поврзувањето на самиот smart телевизор со интернет, на располагање ви стојат 2 опции - едната е преку LAN кабел, со кој ќе го поврзете телевизорот со рутерот, а втората е преку Wi-Fi.

Во двата случаја имате предности и недостатоци. На пример, LAN кабелот ќе ви гарантира стриминг со висок квалитет, но, од друга страна, каблите би можеле да ви одземат време за нивна организација во домот.

Wi-Fi поврзувањето ќе ве оттргне од потребата да се мачите со организација на каблите, а наместо тоа, ќе ви понуди поголема слобода во поглед на тоа каде би сакале да го сместите телевизорот.

Во секој случај, последниот збор во одлучувањето го имате вие.


Неограничен избор на серии и филмови од секаков жанр

Благодарение на речиси неограничениот избор на стриминг опции кои можат да бидат платени или бесплатни, и повеќе од сигурно е дека никогаш нема да ви биде здодевно, ниту пак да се најдете во ситуација во која на вашиот телевизор се прикажуваат цело време реклами или програма која не соодејствува на вашиот вкус.

Имено, популарни апликации како Netflix, Hulu Plus, HBO Now, Amazon Prime Video секојдневно поставуваат нова програма за гледање, најнови серии и филмови кои се актуелни, а тоа значи дека после долгочасовната работа, или за време на викендите, вие би се одмориле како што доликува!

Се разбира, гореспоменатите стриминг сервиси не се бесплатни, но, сепак, речиси секој еден од нив нуди пробен период кој што е потполно бесплатен, а месечните трошоци за претплата се навистина пристојни, па дури и ќе можете да добиете далеку повеќе од цената која ја плаќате.

Од друга страна, постојат и тотално бесплатни како што е RokuTV, но, бидете спремни на одредени лимитации.ж


Огромен избор на тв модели

Имајќи го предвид фактот што 21 век е ера на паметни уреди, во кои со сигурност припаѓаат и познатите smart телевизори, речиси сите најпознати брендови нудат најразлични модели кои ќе Ви се допаднат.

Па така, нема да помине долго пред да одберете smart телевизори од Samsung, Vizio, LG, TCL, Phillips, Hisense, и сл, чија што понуда вклучува телевизори со најразлични големини до над 75 инчи, како и разни технологии кои ќе го подобрат вашето корисничко искуство.

Тука, ќе можете да погледнете дел од понудата која постои на нашиот сајт!

За ваша информација, најчестите технологии се OLED, QLED, а на располагање ќе ви бидат и модели од 4К па се до 8К, кои ќе ви ветат комплетна трансформација на вашата дневна соба во домашно кино!


Останати предности

Иако примарната функција на речиси сите телевизори е да му овозможат на корисникот одличен приказ на тв програми од секаква тематика, сепак, во споредба со стандардните, популарните smart телевизори нудат многу повеќе од ова!

Имено, вашите smart телевизори ќе ви овозможат да користите социјални мрежи, да инсталирате игри или пак, да сурфате на интернет исто така лесно како што досега го правевте преку користење на вашите мобилни телефони или компјутери!

Но, тоа не е се! Во зависност од моделот, голем број на smart телевизори имаат и интегриран "voice assistant", кој што ќе ви помогне да пребарувате на YouTube, Google, па дури и да имате видео состаноци преку инсталирање на апликации како Google Duo или слични апликации!

За крај, важно е да се напомене дека многубројни smart телевизори нудат и опција за поврзување со Google Home и Amazon Alexa, па доколку ги поседувате овие продукти, бидете сигурни дека сите овие предности ќе ви наговестуваат живот во модерен, smart дом!


Кое е вашето мислење за smart телевизорите? Дали сметате дека тие ги исполнуваат вашите критериуми и потреби?

Доколку одговорот е да, тогаш не двоумете се и погледнете ја понудата на smart телевизори која што е достапна на Пазар3 и одберете модел кој што ќе ви помогне да имате возбудливо и одлично корисничко искуство!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации