Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to prevent your vehicles from overheating


Како да се справите со прегревање на возилата во текот на летото?


Иако современото производство на возила вклучува софистицирани системи за ладење на речиси секоја марка на автомобили - BMW, Mercedes, Audi, Ford, Volkswagen, Renault, Peugeot, Seat, Opel, Fiat и сл, сепак, и покрај тоа, сигурно  многупати досега за време на летото сте се нашле во ситуации каде што вашите возила покажувале знаци на прегревање.

Но, кои фактори играат улога во прегревањето на возилата? Како навремено да ги детектирате индикаторите кои што ви наговестуваат потенцијално прегревање? Во оваа статија, ќе имате прилика да прочитате квалитетни препораки и совети кои ќе ви помогнат да имате успешна превенција. 


Паркирајте ги возилата под сенка

Ова е една од најчестите грешки со кои што се соочуваат многу возачи, а проблемот на прегревање особено доаѓа до израз после неколку часовна изложеност на вашите возила на сонце.

Како што и очекувавте,  високата надворешната температура како и топлината која што ја испушта сонцето за време на летото е далеку повисока од онаа - вообичаената, а тоа има директен удел врз инстантниот пораст односно загревање на возилата и автомобилите.

Наш совет би бил секогаш да се стремите кон оставање на вашите возила на паркинг кој што има зеленило или дрвја, бидејќи сенката односно ладовината може значително да ги намали шансите за прегревање.

Се разбира, инфраструктурата во Македонија како и состојбата на паркинзите не е сјајна, и разбирливо е да немате адекватно решение, но, тоа не значи дека не постои друг начин кој што може да го употребите за прикривање на автомобилот/возилото од сонцето.

На располагање Ви стои можноста да одберете заштитна фолија за сонце која ќе ја апсорбира топлината а воедно и ги заштити вашите возила од високите температури.


Извршете детална проверка на возилото

Редовното сервисирање e од клучно значење за да автомобилите и возилата ви бидат секогаш тип-топ средени и подготвени за летната сезона, а тоа често вклучува проверка на најважните авто делови - меѓу кои составен дел е и системот за ладење на моторот како што е пумпата, ладилникот, термостатот и сл.

Покрај ова, од клучна важност е во системот за ладење да ја имате потребната течност која е комбинација од вода и антифриз, бидејќи за време на летото, оваа течност ќе циркулира и разладува моторот, а во зима, ќе прави превенција на замрзнување.

Исто така, ве советуваме да користите исклучително дестилирана вода за моторот, бидејќи обичната вода може да наштети поради способноста да создаде "каменец", кој што потоа постепено ќе доведе до непотребно прегревање на моторот.

Но, доколку сметате дека вашиот автомобил е сосема во ред, а притоа, се почесто се прегрева, тогаш би ве советувале да погледнете дали некаде возилото испушта течност за ладење.

Она што често се случува е возачите да не бидат ниту свесни дека се соочуваат со овој проблем, па затоа, раната детекција е клучот за да ги намалите потенцијалните проблеми.

Затоа, одете кај вашиот авто сервис, кој што ќе го детектира проблемот и понуди решение како што е замена на досегашните резервни делови со нови кои што се исправни.


Возете правилно

Една од најголемите грешки кои што ги прават многу возачи при вклучување на возилото е да започнат со нагло и брзо возење кое што уште од самиот старт ќе му отежни на моторот, особено доколку возилото дотогаш било паркирано и изложено на сонце.

Наместо постепено да се загрее моторот, со оваа практика, вие ќе допринесе кон брзо и неправилно загревање кое повеќе може да му наштети на возилото, во споредба со времето кое би требало да го поминете во возење до саканата локација.

Ако пак, патувате некаде, и веќе сте поминале подолга километража, индикаторите ви покажуваат потенцијално прегревање, најдобро би било да се исклучите од патот, да застанете во место и го исклучите возилото.

Потоа, отворете ја хаубата и овозможете му на моторот да се олади некое време, а доколку сте во близина на бензиска пумпа, тоа би било уште подобро, бидејќи би можеле да се напиете кафе додека чекате. Одморот ќе биде одличен и за вас, но и за вашите возила!

Следниот чекор е да му дадете контакт на возилото наместо да го вклучите целосно, и да видите дали индикаторите покажуваат знаци на пад на температурата, доколку одговорот е потврден, продолжете се возењето!

Но, внимавајте! Никогаш немојте да го допирате моторот додека е топол, бидејќи тоа може да ве повреди.


Користете ја опцијата за рециркулација на воздухот од вашата клима

Опцијата за рециркулација е одлична, особено доколку веќе подолг период вашите возила биле изложени на сонце, а вие сте го управувале автомобилот со вклучена клима.

Придобивките од оваа опција се состојат во тоа што вашите возила ќе можат да се оладат побрзо, а ова ќе спречи потенцијално прегревање, додека пак, од друга страна, кабината на автомобилот нема да биде неподносливо топла.

Доколку се прашувате зошто оваа опција е толку корисна, нашиот одговор би бил конкретен и разбирлив буквално за сите, без разлика дали имате професионално искуство со возење или пак сте почетници.

Имено, кога ќе ја вклучите оваа опција, таа ќе ја извлече топлината од моторот и компресорот, што од самиот старт значи дека овие 2 најклучни авто делови ќе немаат никаков додатен стрес при работење.

Голем дел од експертите сугерираат при патување во лето, особено на долги релации истовремено да ја имате вклучено климата и копчето за рециркулација, па затоа, применете ги овие совети во пракса.

Тука, ќе можете да прочитате и повеќе совети од Пазар3 кои се во доменот на грешките кои возачите ги прават при употреба на клима уредите во своите автомобили.


Оставете ги прозорците отворени додека возилото е паркирано

Се разбира, ова не значи дека возилото треба да го оставите препуштено на милост и на немилост на околината, и тоа со комплетно отворено прозорци, туку, исклучиво доколку сте во близина или оддалечени на неколку метри од него.

На пример, одите на пикник, паркирани сте блиску до дворот на вашите пријатели, и сл, ситуациите се многубројни.

Оваа практика ќе му овозможи на вашето возило подобро да се справи со топлината, бидејќи наместо кабината да ја апсорбира целата топлина, проветрувањето ќе ви биде од корист, така да, прегревањето не би дошло до израз.


Променете го акумулаторот

Генералното правило е да правите комплетна промена на акумулаторот на секои 3 години, или пак, порано доколку покажува знаци на неисправност.

Зошто? Бидејќи колку што е послаб акумулаторот, толку поголем стрес ќе претрпи моторот при работењето, односно, ќе работи многу повеќе отколку што е потребно.

А, како што знаеме, колку што е е по оптоварен моторот, толку ќе биде и побрзо загревањето, а и шансите за прегревање на возилата.


Се надеваме дека гореспоменатите совети од информативен карактер ви беа од помош, а доколку одговорот е потврден, тогаш ве советуваме да се придржувате кон нив, и истите да ги воспоставите во пракса!

Следете не' и во иднина, бидејќи Пазар3 секогаш ќе ви нуди решенија за многубројни проблеми без разлика на тематиката на кои истите припаѓаат.

 

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации