Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to create a cv that will guarantee you a job


Како да креирате CV кое гарантира вработување


Креирањето на професионално резиме односно CV е една од најважните маркетинг алатки за самопромоција на секој барател за вработување, бидејќи тоа е првата работа која ја бара секој работодавец од Вас, уште пред да бидете повикани на интервју.

Доколку барате вработување за време на пандемијата,  или пак, сакате вашето CV да се одвојува од останатите, а со тоа и да Ви гарантира вработување во секој сектор - администрација, сметководство и консалтинг, инженерство, ИТ, маркетинг и медиа, и тн, тогаш овие совети несомнено ќе Ви бидат од корист!


Од што треба да се состои вашето CV?

Најчестите грешки кои што ги прават луѓето при креирање на CV за вработување се состојат од многубројни страници на текст во кои што на најопширен начин ги објаснуваат своите квалификации, и зошто впрочем ја заслужуваат работната позиција која ја нудат работодавците во сите огласи за работа.

Оваа практика не само што не е пожелна, туку е и сосема неправилна и несоодветна, поради фактот што вашето CV треба да биде кратко, јасно, прецизно и едноставно, а не да биде литературно дело составено од повеќе тома.

За волја на вистината, постојат 4 работи кои што треба да ги вметнете, а тоа се:


Податоци за контакт

Име и презиме, адреса, телефонски број, електронска пошта), образование ( насока, стекнато звање, име на образовна институција и сл.


Работно искуство

Име на организација, работни задачи и обврски, почеток и крај на работен однос, но и волонтерска работа доколку сте ја имале, бидејќи тоа говори многу за вашата работна етика.


Вештини

Вештините кои ги поседувате во областа во која барате вработување.

Имајте на ум дека во просек, работодавците / надредените прават "скрининг" помеѓу 5-7 секунди, па доколку вашето CV изгледа пренатрупано и конфузно, тогаш дури и да ги исполнувате сите критериуми, шансите за вработување ќе ви бидат минимални.

Ако имате препораки од страна на предходните работодавци, тогаш истите прикачете ги во CV-то бидејќи тие се секогаш добредојдени, а и шансите за вработување ќе видат зголемени за неколкукратно повеќе!


Внесете веродостојни информации

Секогаш настојувајте во вашето CV за вработување да ги имате последните, и најнови ажурирања во поглед на телефонскиот број, местото на живеење, електронската пошта и сл, бидејќи тие се воедно и  најважните информации кои ќе му бидат потребни на работодавачот за да стапат во контакт со вас.

Покрај ова, никогаш немојте да наведете лични способности што ги бара  работодавачот во огласите,  а кои што воопшто не ги поседувате, бидејќи иако сметате дека на некој начин би можеле да добиете поголеми шанси за вработување, сценариото нема да биде исто за време на интервјуто.

Затоа, бидете професионални, искрени и реални за вашите квалитетите и вештините кои ги поседувате, бидејќи иако немате познавање од одредена вештина, сепак, на работодавачот ќе можете да му објасните дека немате никакви проблеми за да научите нешто ново, а за возврат, истиот ќе ја цени вашата искреност, и желба да научите а тоа е поважно од се.


Креирајте посебно CV за секој оглас за вработување

Иако ова звучи комплицирано, сепак, резултатите при процесот на вработување ќе ви бидат далеку поедноставни и поефикасни, наспроти одлуката да испраќате веќе подготвено CV во неколку огласи за работа истовремено.

Ова е можеби и најголемата грешка која што ја прави секој активен барател на работа, а вистинската причина позади е ова е тоа што луѓето сметаат дека чие CV ќе пристигне прво, тоа прво ќе биде видено, па така, шансите за вработување би биле зголемени.

Но, во пракса тоа воопшто не така, и затоа, Пазар3 ве советува најпрвин добро да го анализирате огласот, кои се работните обврски и квалитети што треба да ги поседува потенцијалниот вработен а дури потоа да започнете со ажурирање на вашето CV.

Исто така, следете го жаргонот односно терминологијата која ја наведува работодавачот во своите огласи за работа, па истите примените ги во вашeто CV.


Дизајн

Во денешно време, постојат безброј онлајн едитори кои што ќе Ви помогнат да креаирате CV за вработување на брз и едноставен начин, благодарејќи им на многубројните алатки, но, имате и можност тоа да го сторите сами избирајќи сопствен дизајн.

Во секој случај, немојте никогаш да избирате пресветли или претемни бои, нестандардни фонтови за текст, туку напротив, стремете се кон класичен изглед кој што ќе биде добро балансиран.

Покрај ова, бидете конзистентни и со форматот за датуми, и прикачете сопствена, професионална слика која што ќе биде видлива, или доколку не е потребно, тогаш само линкувајте го вашиот LinkedIn профил.

Во никој случај немојте да објавите фотографија од вашата лична карта, бидејќи колку и смешно ова да звучи, сепак, доколку сте HR или работодавач кој што го чита ова, сигурно сте имале прилика да наидете и на токму вакви ситуации.

И да, пробајте да го уредите вашето CV со сите ваши квалификации, достигнувања и останати информации помеѓу  во најмногу 2-3 страни, но никогаш над 3, бидејќи тоа ќе води кон пренатрупување и би изгледало навистина лошо.


Кои работи не треба да бидат вклучени во CV-то?

За да вашето CV  за вработување изгледа комплетно и навистина професионално, потребно е да избегнувате премногу текст, граматички грешки, тотално неважни лични податоци во поглед на тоа каква е вашата брачна состојба, негативни коментари за вашиот претходен работодавач, и пишување во детали за вашето хоби.

Имајте на ум дека ова е професионална биографија, а не лична биографија која не треба да биде пишана во пасивна форма и да содржи работи кои што тотално не се соодветни за работната позиција.

Она што често се случува е вработените во човечки ресурси да ве отфрлат како кандидат, доколку забележат една од гореспоменатите недостатоци, бидејќи тие нема ниту да трошат време за да Ве контактираат.

Исто така, доколку планирате да експериментирате и да ги покажете вашите креативни страни, тогаш ве охрабруваме да не го правите ова доколку работната позиција истото не го бара од вас, туку исклучиво само за работни позиции токму од креативната сфера - графички дизајн, видео едитинг и сл.

Во овие професии, можностите ви се хипотетички гледано, безбројни, па не се чувствувајте ограничено ниту во еден момент, но немојте да заборавите да останете професионални и присебни.

Ако пак сте во потрага по пракса, и потребни ви се информации како да успеете во вашата намера, тогаш прочитајте ја оваа статија, и применете ги овие совети при креирање на CV.


За крај, ве охрабруваме да ги следите ги гореспоменатите совети, бидејќи тие се првично наменети за да ви помогнат да креирате професионално CV кое ќе се одвојува од останатите, а тоа само по себе значи и зголемени шанси за вработување!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации