Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

How to Price Used Furniture


Како да ја одредите цената кога продавате половен мебел


Планирате да направите промена во ентериерот на вашиот дом, и тоа преку одбирање на нов мебел, истовремено, сакате да го продадете стариот? Но, не сте сигурни околу цената која би била идеална за продажба?

Во оваа статија, ќе дознаете како да ја одредите цената, кои фактори влијаат кон креирањето на истата, се со цел бидете поефикасни при продажбата, па затоа, прочитајте го текстот и дознајте што имаме подготвено за Вас!


Подготовка пред да се одлучите за продажба

Продавањето на вашиот стар мебел може да биде фрустрирачки, особено доколку не одберете место кое што ќе ви го олесни продавањето, но, и ако не направите добра подготовка.

Имено, во зависност од тоа што продавате, најпрвин, започнете со чистење на мебелот, подобрете го изгледот и направете минимални поправки, бидејќи на тој начин, вие ќе можете да имате полесна продажба, но, и да заработите неколку проценти повеќе од цената.

Oткако ќе го сторите тоа, следниот чекор е да пронајдете место кое што ќе направи луѓето да дознаат за она кое што го нудите, а во овој случај, одличен избор би бил Пазар3!

Тука, побарувачката за половен мебел е огромна, а воедно, дневната посетеност надминува над 70 000 посетители што значи дека кога ќе се огласите, нема да помине долго пред да имате брза и навремена продажба каква што отсекогаш сте сакале!


Кои фактори влијаат врз цената?

Иако постојат повеќе фактори кои што би можеле директно или индиректно да влијаат врз цената по која би се одлучиле за продажба на стариот мебел, сепак, ние ќе ви ги прикажеме само оние кои што ќе ви бидат од најголема помош, како на пример:


Година

Колку години сте го користеле сегашниот мебел? Се разбира, ако мебелот е прилично нов, односно не надминува над 5 години, тогаш за него, огромна би била побарувачката и заинтересираноста.

Зошто? Бидејќи како што поминува времето, така се менува и изборот за ентериер кај многу сопственици на живеалишта, а она што дотогаш било актуелно, после одреден период не е, па со тоа опаѓа и побарувачката.

За да извлечете максимум од вашиот мебел - гарнитури, кревети, кујнски мебел, маси и столици, наш совет би бил да го менувате сегашниот распоред на секои 5 години.


Состојба, стил и квалитет

Како што е и логично - одлично сочуваниот мебел не може да изгуби многу од првичната цена, а во ова исто така има улога и стилот како и квалитетот на самиот мебел.

Мебелот чиј што материјали за изработка се квалитетни ќе може лесно да се забележат кога ќе се направи споредба со мебел од послаб квалитет, а доколку поседувате квалитетен мебел, тогаш бидете сигурни и дека имате апсолутно право да барате одредена, поголема цена.

Во ова, исто така има голема улога и брендот на самиот мебел.


Големина

Компактниот мебел би бил извонреден за поголем број на потенцијални купувачи, бидејќи не секој дом има иста квадратура, па така, она што е компатибилно за вас, не би било компатибилно за нечија викендица, или пак стан, куќа и вила.

За волја на вистината,  тоа е сосема нормално, имајќи го предвид фактот што при купување, вие самите на себе сте си приоритет.

Во секој случај, бидете сигурни дека ако продавате мебел кој што зазема поголема површина, истиот не би бил толку атрактивен за продажба, иако тоа не значи дека не би можеле да продадете.


Како најлесно да ја одредите цената за продажба на мебелот?

Откако веќе ги дознавте индикаторите кои би ви помогнале за да ја одредите цената, она што следува е да дознаете и како точно истите би можеле да ги воспоставите во пракса.

За ваша информација, цената ќе можете да ја одредите одземајќи околу 20% од онаа која што сте ја инвестирале во купување на сегашниот мебел, а ова е воедно и генералното правило при продажба на половни работи.

Покрај ова, не заборавајте да направите компарација од сегашната цена по која што се движи мебелот со онаа која ја имате веќе инвестирано, и се разбира, не заборавајте на староста.

Кога веќе ја споменавме староста, ве советуваме да одземате по 5% од првичната цена за секоја година, или две од користење на мебелот.

На пример, ако сте инвестирале 1000 евра во мебел и истиот сте го користеле 4 години, тогаш одземете 20% од цената, но, имајте ги предвид и материјалите како и квалитетот на брендот.

Во зависност од гореспоменатите индикатори, процентот може да остане на 20%, но, и би можел да се искачи и на 30% и погоре.

Како и да е, пред да ја официјализирате цената, одлична идеја би било и да ги следите цените на пазарот, но, и бидете спремни на компромис бидејќи да намалите до одредена мера која би била прифатлива за двете страни.


Се надеваме дека оваа статија ви понуди совети кои ќе ви помогнат при одредување на цената за продажба на вашиот мебел, па затоа, чувствувајте се слободни да ги искористите овие совети во пракса, бидејќи тие ќе ви помогнат да имате одлична заработувачка од стариот мебел!

Останете со нас и во иднина, и следете го нашиот блог бидејќи тука ќе можете да прочитате најразновидни статии од секаква тематика!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации