Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Како да го реновирате станот без многу инвестирање?

Како да го реновирате станот без многу инвестирање?

 

Реновирањето на станот често бара многу инвестиции. Без разлика дали сакате да се посветите на реновирање на станот за да ја зголемите неговата вредност на пазарот или да уживате во животот во посвеж и поубав дом - реновирањето на станот се исплаќа загарантирано.

Сепак, со оглед на зачестеноста на поставувањето на прашањето: Како да реновирате стан без многу инвестиции ?, јасно е дека има голема потреба од заштеда на ова поле.

Имаме одлични вести!

Знаеме како реновирањето на домот да помине без многу инвестиции, и со добри резултати!

Преку повеќегодишно работење на сајтот Пазар3, се уверивме во тоа колку реновираните станови во Скопје, Битола, Охрид и сите други градови во Македонија, се продаваат побрзо и по одлични цени.

Затоа истражувавме како да реновирате стан без многу инвестиции и така да си обезбедите сами поубав дом, или да ја покачите неговата цена на пазарот за домашна продажба! Ние Ви откриваме тајни како да реновирате без многу голема инвестиција во следните редови.

 

Подготовки за реновирање на станови и планирање на трошоците

За добра заштеда потребно е јасен план и добра подготовка!

Затоа, прошетајте низ станот, видете што е тоа што треба да се реновира (испукана керамика во бањата, дамки на sидовите, стари врати...) и што е тоа што претставува само Ваша лична желба да се реновира. Напишете го сето тоа на хартија.

 

Време е да ги испланирате трошоците!

Прашајте ги Вашите пријатели кои неодамна го реновираале станот или посетете ги форумите на Интернет за тоа како се движат цените за услугите за реновирање, како и цените на артиклите што сакате да ги користете при реновирање.

Потоа додадете ја просечната цена на трошоците и споредете ја со буџетот што го имате достапен. Направете селекција на елементите во станот кои ќе ги реновирате и дајте им предност на задолжителните елементи. Сега е време да истражувате понуди на цени за реновирање на станот и цени за елементи на пазарот.

 

Реновирање на станови - цена на услугата и материјалите

Сега кога сте направиле точен избор на работи што сакате да ги реновирате во Вашиот стан, дојде време темелно да ги истражиме цените на пазарот за одредени услуги за реновирање и цената на материјалите.

Користете ги сите можни извори за ова (верувајте дека тоа на крајот ќе се исплати). Интернет, пријатели и познаници кои го реновираа станот - можете да најдете информации насекаде за цените за реновирање на станови.

Не штедете на квалитет!

На пример, керамичките плочки дефинитивно треба да бидат поставени од мајстори кои одлично ја извршуваат својата работа. Тоа не значи дека ќе биде најскапо, но дефинитивно не Ви требаат лошо и непрофесионално наместени плочки во Вашата бања и кујна.

Понекогаш поскапото решение е всушност заштеда. Размислете колку ќе траат лошо поставените плочки или оние од низок квалитет на керамика? Сигурно дека ќе треба повторно да инвестирате.

Од друга страна, ако Вашите sидови не бараат прекумерна стручност за фарбање (ако не Ви требаат плочки, ниту сакате голема разлика во боја) - можете сами да ги нафарбате sидовите, или контактирајте пријатели кои веќе се искусни во ова и заштедете.

Говорејќи за тоа, имаме уште еден одличен совет за остварување на заштеда на време при реновирање на станот - направете го тоа сами!

 

Што можете да направите сами?

Не мора целосно да го реновирате станот со ангажирање на професионалци.

Исто како што можете сами да ја направите задачата за фарбање на sидовите - така направете и други работи со што можете да заштедите. Промена на бравите во станот, на пример е една од тие работи.

Ставањето полици на sидовите исто така не е комплицирана задача, како што е поставувањето венецијанки. Ако вклучите реновирање на мебел во задачата за реновирање на

станот - исто така можете сами да соберете и да поставите многу парчиња, така што ова е дел од тоа реновирање на стан каде можете да заштедите пари.

Не грижете се, знаеме дека веројатно немате знаење за тоа како се поставени венецијанките!

И за тоа имаме решение!!

Имено, Интернетот е полн со упатства и разни форми и видови на информации за секоја потребна задача за реновирање на станот. Информациите се клуч за заштеда, затоа не чекајте мајстори, туку истражувајте! Ваквите вештини ќе Ви бидат корисни во иднина.

 

Почекајте го периодот на попусти - ќе направите значителна заштеда

Реновирањето на стан значи дека мора да купите многу елементи со кои ќе ги замените старите. Без разлика дали тоа се лустери, приклучоци, бои или парчиња мебел - има оптимално време за купување за сите нив – време на попуст!

10% попуст на саканата брава можеби не Ви изгледа како значителна заштеда, но кога купувате повеќе брави, верувајте дека ќе почувствувате вишок пари во џеб. Се разбира, бравите се само пример – попусти може да најдете и на другите материјали потребни при реновирањето.

 

Се сеќавате на списокот што го направивте во првиот чекор?

Сега е време да се вратиме на тоа.

Ако ги слушате сите наши совети и го пронајдете најдоброто решение за реновирање на станот со заштеда - сигурно ќе имате вишок средства во Вашиот буџет. Можете да ги обновите другите елементи на списокот што не сте ги означиле како „задолжителни“.

 

 

Нема сомнение дека станот ќе блесне по реновирањето и ќе бидете задоволни! Ако по реновирањето, или пред тоа, сакате да го продадете или изнајмите станот - брзо и лесно поставете оглас на платформата Пазар3 - сигурни сме дека ќе се продаде во најбрз можен рок!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации