Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

dog breeds based on your personal characteristics


Избор на куче според личните карактеристики


Како што знаеме, кучето е најдобриот пријател на човекот, а овие домашни миленици се толку приврзани со човекот, што дури и некогаш ги "впиваат" личните карактеристики на својот сопственик.

Но, дали сте знаеле дека  постојат и одредени раси на кучиња чиј лични карактеристиики би можеле да бидат во голема мера исти со вашите?

Во оваа статија ќе зборуваме околу самиот избор на куче според личните карактеристики на потенцијалниот сопственик, па затоа, Ве охрабруваме да останете со нас овие неколку минути, бидејќи тука ќе прочитате фантатични информации!


Цените лојалност и сте личност од доверба

Доколку сте личност која што неизмерно ја цени лојалноста, а во истовреме, сте лојални на вашите најблиски и сте тука секогаш за нив во добро и во зло, тогаш за вас најдобри би биле следниве раси на кучиња:

Акита ину, Германски овчар, Лабрадор, Ретривер, Шарпланинец

Овие раси на кучиња се познати по нивната неприкосновена лојалност, особено првите две - акита ину и германски овчар кои што се далеку похрабри од лабрадорот, но, тие никогаш не можат да го имаат срцето на ова куче кое што не знае за омраза.

Германскиот овчар и јапонската акита ину најчесто се користат како кучиња во полицијата и армијата, а нивната бестрашност и бескомпромисна лојалност спрема сопственикот ги прави да бидат одлични за секој сопственик на кучиња кој што ги цени токму овие одлики.

Но, имајте на ум дека сите три видови кучиња неизмерно ги сакаат постарите особи, децата, па затоа и се користат како придружници за деца со аутизам или за лица со инвалидитет.

Исто така, акита ину, лабрадорот и германскиот овчар се идеални за семејство со деца кое што е во потрага по кучиња, или пак, за оние кои што бараат куче за чување во стан.


Љубопитност, позитивен поглед кон светот

Љубопитноста, позитивниот поглед кон светот, и вечно младиот карактер се особености на малтезер, лабрадор, бигл и на кокер шпаниел расата на кучиња кои што секогаш сакаат да бидат вклучени во се што ги окружува, па дури некои веруваат дека на нив никогаш не им е досадно.

Позитивниот дух, постојата потреба од социјализација ги прави овие кучиња одлични за секој потенцијален сопственик чиј што лични карактеристики на најдобар начин ги опишуваат горенаведените епитети.

Но, она што е интересно е тоа што освен лабрадорот, малтезер, бигл и кокер шпаниел кучињата спаѓаат во групата на кучиња со мал раст, па така, доколку живеете во помал простор или апартман, тогаш одлуката за да станете сопственик на овие видови кучиња би бил полн погодок.

Би сакале исто така да нагласиме дека овие кучиња се доста динамични по природа, бараат постојано внимание и обожуваат да учат трикови и нови работи, па така, доколку се одлучите за овие кучиња тогаш бидете сигурни дека вашиот дом ќе зрачи со позитивна енергија.


Нежност, креативност и вкус

Ако сте нежни по природа,  не трпите конфликти, негативна енергија, а покажувате и афинитети кон уметноста и креативноста, тогаш вас најдобро би Ве отсликала расата на мопс, француски булдог, бишон, пудлица, померанец.

Зошто? Бидејќи овие кучиња имаат неверојатно убаво крзно, изгледаат прекрасно и достоинствено, не сакаат негативно окружување туку напротив, исклучиво сакаат да си играат, да се галат и да внесат свежина во вашиот дом.

Единственото нешто кое што може да Ве попречи при купување на овие видови кучиња се нивната цена, бидејќи тие не важат за евтини, но, бидете сигурни дека во светот постојат огромен број на сопственици кои воопшто не се каат за вложената сума на пари.

Во секој случај, сигурни сме дека нема да се каете при евентуално купување, бидејќи она што може да го понудат овие кучиња за вас во сентиментална смисла е уникатно, и неповторливо.


Индивидуалност, лична приватност

Луѓето кои што ја ценат индивидуалноста, и си го ценат својот личен простор најмногу најмногу соодејствуваат со карактеристиките на акита ину, француски булдог, малтезер, кои што колку што сакаат да се галат, толку си ја ценат и својата приватност, а најмногу се одвојува акита ину.

Акита ину за разлика од овие останатите 2 раси на кучиња се одвојува најмногу по тоа што дури и да ги оставите сами неколку часа, тие нема да покажуваат значителна потреба од внимание, иако во секој момент ќе Ви дадат дознаење дека сте им фалеле, но не во форма на лаење, гребање, заигрување и сл.

Тие имаат фантастичен, цврст став поради кој експертите сметаат дека ова куче спаѓа во групата на најсамостојни раси на кучиња.


Спортски дух и хиперактивност

Доколку сте личност која што "не ја држи место", и постојано сака да биде во движење, а притоа, обожувате да трчате на отворено или да посетувате фитнес центри поради вашето здравје и за искористување на вишокот на енергија, тогаш најдобрите видови кучиња за вас се: доберман, бигл, териер, сибирски хаски, бордер коли.

Овие кучиња никогаш не се заморуваат, туку напротив, тие сакаат постојано да играат, да трчаат и да се социјализираат, а самотијата ја чувствуваат многу тешко.

Како личност со спортски дух, бидете сигурни дека без разлика на вашиот избор, Вие нема воопшто да зажалите, бидејќи тие ќе Ви бидат вистински придружници каде и да одите, особено доколку сте авантуристи.


Се надеваме дека голем дел од вас ги пронајдоја кучињата чиј карактеристики се соодветни токму со вашиот карактер, па оттука, би сакале да Ви поставиме едно прашање - кој е вашиот следен избор на куче според лични карактеристики?

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации