Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

ideas and trends of outdoor furniture


Идеи за уредување и нови трендови кај мебелот за градина 


За време на летото, градините се вообичаените места во кои што во текот на денот или ноќта најчесто престојуваме, бидејќи секој сопственик на куќи и вили / викендици ја обожува ладовината, a често и инвестира во мебел кој што гарантира високо ниво на комоција и релаксираност.

Поради тоа, во оваа статија, ќе можете да прочитате неколку идеи за уредување како и трендови кои се најпопуларни кај мебелот за градина, па без одолговлекување, да започнеме!


Ткаени градинарски смолести фотелји

Овој тип на мебел за градина е во тренд со години, а тоа најмногу се должи на прекрасниот дизајн, компактната конструкција и удобноста која што ќе можете да ја дуплирате преку комбинирање на перници во прикладни бои.

Без разлика дали просторот во вашата градина е огромен, или пак, ситуацијата е малку поразлична, во секој случај, градинарските смолести фотелји нема да заземат поголема површина, а за возврат, вие ќе можете да уживате со најблиските во текот на денот и ноќта.

Како додаток плус за време на жештините, ве охрабруваме да направите коктели, ладно пиво и останати напитоци кои ќе ве разладат, додека пак, градинарските смолести фотелји ќе направат да се почувствувате навистина комфорно.

resin furniture


Комплет мебел изработен од бамбус

Доколку сте љубители на комплет мебел, наместо на групирање на мебел кој што е изработен од најразлични материјали, па комбиниран во едно, тогаш одбирањето на комплет мебел од бамбус може да биде вистинскиот избор за вас.

Зошто? Бидејќи бамбусот е доволно издржлив за да може да им пркоси на надворешните температури, но, и да го издржи секојдневното користење на долг рок.

Покрај ова, бојата и материјалот во целост ќе можат да се припојат со дизајнот на вашата градина и окружувањето, па затоа, дајте му шанса на овој мебел и разубавете ја градината.

Кога зборуваме за разубавување на градината, тука ќе можете да прочитате повеќе совети од оваа област.

bamboo furniture


Лулашки за во двор

Овие висечки столици кои најчесто се нарекуваат и лулашки, се одлична варијанта за секој оној кој што покрај убавиот изглед, сака и комфор кој што ќе ви понуди високо ниво на релаксација.

Овие столици се идеални за одмор, за читање на книги, сурфање на интернет, и најважното - пиење на вкусно утринско кафе откако ќе се подготвите за работа.

Се разбира, повикајте ги и вашите пријатели и најблиски, и споделете го уживањето со нив за време на летната сезона

Исто така, важно е да се напомене дека на пазарот во Македонија, постојат разновидни лулашки за во двор  со најразлични димензии, па така, одберете ги оние модели кои што во целост ги исполнуваат вашиот буџет и просторот на вашата градина.

hanging egg chairs

Комплет мебел за градина изработен од тиково дрво и ратан

Мебелот кој што е изработен од тиково дрво и ратан е секогаш во тренд, а тоа најмногу се должи на големиот избор на модели, како и на отпорниот дизајн кој што ќе ви гарантира долгогодишна упореба, без да размислувате за повторно инвестирање.

За ваша информација, тиковото дрво покажува одлични знаци на отпорност спрема надворешни влијанија, тешко може да се оштети (гребнатинки и сл), и најважното - одржувањето е лесно бидејќи нема да имате никакви потешкотии при чистењето.

Тоа се особено одлични вести за семејства со деца и домашни миленици, бидејќи материјалот е доволно издржлив за да не се грижите за потенцијални штети.

Од друга страна, пак, плетениот мебел со ратан изгледа преубаво, а и овој материјал е доста издржлив, па така, немате што да изгубите!

rattan furniture
Стилски мебел изработен од пластика

Мебелот кој што е изработен од пластика не е само достапен по цени кои се во склад со сечиј буџет, туку воедно, огромниот број на модели ќе ви помогне да се соочите и со потешкотии околу самото избирање.

За волја на вистината, тоа се "слатки маки", а она што е уште подобро е и лесното одржување, како и издржливоста, што значи дека во случај на дождови или откако ќе забележите нечистотии, со вода и крпа вие би можеле истите да ги исчистите без никакви потешкотии.

Всушност, ова е и најголемата причина поради која мебелот за градина кој што е изработен од пластика е толку популарен кај огромен број на луѓе.

plastic furniture


Па, кој е вашиот избор за мебел за градина? Што најмногу ви се допадна кај гореспоменатите модели?

За ваша среќа, на Пазар3 ќе можете да пронајдете најразличен мебел за градина, па затоа, не двоумете се и проследете ја понудата или објавете оглас за купопродажба а останатото е исклучиво само наша работа!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации