Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

movies to watch this summer


Филмови кои мора да ги изгледате ова лето 


Летото не е само синоним за годишни одмори и незаборавни авантури, туку тоа е и сезона на одлични филмови кои што не смеат да се пропуштат, бидејќи секое лето, сведоци сме на извонредни филмови од секаков жанр!

Поради тоа, Пазар3 се одлучи да ви прикаже одлична понуда на филмови, а она кое што треба вие да го направите е да се опуштите, и да започнете со гледање на истите преку вашите омилени уреди - телевизори, таблети, мобилни телефони, лаптопи или десктоп компјутери!


The Beach (2000)

The Beach е еден од култните филмови кои што ви ги препорачуваме да ги проследите за време на летото, особено доколку обожувате филмови кои што спаѓаат во жанрот - авантура, драма, трилер заедно со примеси на емоционални, љубовни филмови.

Главни глумци се Leonardo Di Caprio, Virginie Ledoyen и  Guillaume Canet, а приказната е навистина возбудлива.

Имено, Leonardo Di Caprio (Richard) патува за Тајланд, а за време на патувањето, тој пронаоѓа мистериозна мапа за која се вели дека води кон рајска плажа.

Заинтригиран, тој тргнува, а понатамошното одвивање на настаните ќе ве натера да го изгледате целиот филм во еден здив!


Spiral (2021)

Љубител сте на серијалот SAW? Одлично, ова е последното продолжение од овој серијал, а она што е возбудливо е фактот што овој дел не е воопшто поврзан со познатиот John Jigsaw Kramer, или пак е?

Како протагонисти во овој дел се јавуваaт Samuel L. Jackson, Chris Rock и Max Minhella, полициски детективи чија што задача е да пронајдат одговор на истрагата која вклучува многу убиства.

Убиецот пак, од друга страна е вистински криминален мастермајнд кој што користи најразлични тактики и трикови со кои сака да ги намами детективите во својата игра.

Топло ви го препорачуваме овој филм доколку сте љубители на возбудливи хорор-трилер филмови, а воедно, имате и доволно цврст стомак за да ги проследите сите "ужасни" сцени.


Cruella (2021)

Cruella е најновото име во плејадата на филмови од Disney, но, овој пат, приказната со која растеа многу генерации - "101 далматинец" се проширува уште повеќе и навлегува уште подлабоко во карактерот на негативецот Cruella.

Овој филм се базира околу една девојка по име Estella која што се соочува со големи предизвици и препреки во својот живот, за да подоцна прерасне во негативецот кој што сите го знаеме.

Главни актери се Emma Stone, Emma Thompson и Joel Fry, а нивната глума и целокупното сценарио е за пофалба, па така, не е ниту чудно зошто Cruella има висока оценка и на IMDb.

Затоа, ви препорачуваме да одвоите околу 2 ипол часа, и не заборавајте убаво да се сместите со ладни напитоци, пуканки како и потребната тв опрема која што ќе го трансформира вашиот дом во домашно кино!


Luca (2021)

Luca е извонреден, анимиран филм кој што е само уште еден доказ за успешната работа на студиото Pixar и Disney, а она што е одлично е фактот што Luca е одличен филм и за младата, како и за постарата публика!

Главен лик е истоимениот Лука Пагура кој што живее монотон живот на дното на морето, а вистинскиот заплет се случува кога ќе дознае дека тој всушност може да се трансформира во момче откако ќе ја напушти водата.

Она што следи е фантастична авантура која што ќе биде исполнета со комични моменти кои со сигурност ќе ве релаксираат и насмеат за време на летото.


F9 (2021)

F9 е најновото продолжените на култниот серијал Брзи и Бесни, кој што заработи над 163 милиони долари уште во првиот викенд од свеченото прикажување.

Во овој дел, Dominic Toretto се соочува со својот брат Jakob (John Cena) кој што е претставен како злобен, непријател кој што е во одлична соработка со еден стар, речиси заборавен непријател на Torretto.

На љубителите на адреналински возења и акција со сигурност ќе им се допадне овој филм, а она што е уште поинтересно е фактот што во овој филм ќе можете да проследите и споредба во гледиштата на двајцата браќа - што значи семејството.

Ние, може да ви препорачаме да ја искористите аудио опремата заедно со вашите телевизори или десктоп компјутери, бидејќи музиката, акцијата и сцените ќе ве понесат уште од самиот старт!


Кој е следниот филм кој што заслужува да биде дел од вашиот репертоар?

Се надеваме дека ви се допадна нашата издвоена понуда на филмови, а доколку тоа е така, тогаш ве охрабруваме и во иднина да го следите нашиот блог, бидејќи тука ќе имате можност да прочитате статии од најразлична тематика!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации