Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

electric-cars-in-macedonia


Електрични автомобили во Македонија


Електричните автомобили во Македонија стануваат се повеќе актуелна тема помеѓу медиумите, но, и помеѓу сопствениците на автомобили, бидејќи овој тип на автомобили наоѓаат глобално прифаќање во речиси сите земји ширум светот.

Но, каква е ситуацијата во Македонија? Кои се предностите на возењето на електрични автомобили? Одговор на сите овие прашања ќе можете да пронајдете токму во оваа статија, па затоа, ве советуваме да ја проследите истата до крајот!


Каква е состојбата во Македонија?


Во Македонија, несомнен факт е дека електричните возила не се толку популарни како што се автомобилите на бензин и дизел, а кон ова, голем удел има фактот што инфраструктурата во Македонија, сеуште не може да одговори на барањата на новите технологии.

За ваша информација, според Царинската управа, во Македонија увезени се околу 3.345 хибридни автомобили од кои само 134 биле електрични автомобили во периодот од 2017-2020 година.

За жал, тоа е околу 0.1% од вкупниот увоз на моторни возила во Македонија, што го сведува овој податок буквално на "статистичка грешка".

Во секој случај, со години веќе се наговестува дека во Македонија, особено во Скопје ќе има повеќе од 5 полначи на електрични автомобили во Македонија, а постепено, овие возила се повеќе ќе се стануваат дел кај широките маси.

Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), предвидува дека до 2035 година, возниот парк во Македонија ќе биде сочинет од околу 25% чисто електрични возила и 16% plug-in електрични возила.

Сега за сега, останува да се надеваме дека работите ќе се сменат, и дека конечно, возачите во Македонија ќе имаат можност да одберат електричен автомобил.


Каква е ситуацијата на светско ниво?

Во светот, електричните автомобили стануваат се повеќе во тренд, односно, до 2019 година, глобалната продажба на овој тип возила ја надминал бројката од преку 2.1 милиони продадени модели ширум светот.

На глобално ниво, земји кои што се истакнуваат по најголема употреба на електрични возила се Норвешка (75%), Исланд (45%), Шведска (32.2%), во 2020 година, но, тука се САД и Кина каде што овој тип на возила зема се поголем замав.

Во Европа, се поголеми се гласините дека дизел возилата и оние со бензински мотори полека, но сигурно ќе се оттргнуваат од употреба, бидејќи до 2035 година, ЕУ планира да ја реализира оваа цел преку најразлични начини, меѓу кои е и данокот за CO2, и тотална забрана на автомобили со гореспоменатите погони.

Поради тоа, се поголем број на светски познати автомобилски брендови како Mercedes, BMW, Volkswagen, Opel, Audi, Peugeot, Renault, Fiat, Ford, Seat, Toyota, Honda и др, вклучуваат нови, прекрасно дизајнирани електрични автомобили кои ќе бидат вистински наследници на сегашните возила со дизел и бензин мотори.

Сега за сега, вистински лидер во производството на електрични автомобили е Tesla, но, се очекува до 2025, Volkswagen, Renault, Nissan, и Mitsubishi да бидат во топ 3те производители на електрични автомобили.

Сепак, се останува да видиме, бидејќи сега за сега, ова се само очекувања а не фактичка реалност.


Кои се бенефитите што ги нудат електричните автомобили?

Кога ќе направите споредба помеѓу традиционалните автомобили кои што се базираат на согорување на гориво,  првата предност на електричните автомобили се состои во тоа што тие воопшто не ни ја загадуваат животната средина, бидејќи вклучуваат батерија како погон за движење.

Имено, тие не испуштаат гас што значи дека експлоатацијата на животната средина како и загадувањето нема да биде проблем за човештвото во иднина (од гледна точка на испуштање на штетни гасови), а тоа ги прави да бидат вистинскиот избор за еко заштита.

Потоа, електричните автомобили економично ја трошат енергијата, односно, сегашните батерии можат да заштитат околу 59-62% од фактичката енергија за движење во споредба со традиционалните автомобили.

Да, добро прочитавте, традиционалните автомобили не се воопшто економични во овој поглед, а според некои пресметки, тие можат да конвертираат околу 17-21%.

Но, најголемата предност може да се забележи при ниските трошоци за одржување и тивкото работење, што значи дека нивото на бучава во градовите ќе биде сведено на минимум.

Воедно, трошоците за полнење на автомобилот со струја се далеку пониски од оние за дизел и бензин.


Кои се недостатоците на електричните автомобили?

Не е се така позитивно кај електричните автомобили, а тоа е сосема нормално, имајќи го предвид фактот што сепак се работи за нова технологија, која што постепено треба да се развива.

Како една од најголемите недостатоци на електричните автомобили е тоа што тие можат да патуваат помала дистанца од традиционалните автомобили, бидејќи стандардните електрични автомобили можат да ви понудат патување од 96km - 193km со едно полнење.

Пософистираните електрични автомобили од луксузната класа пак се доволно издржливи за да можат да издржат дури и 482 километри на едно полнење.

За споредба, 482 е просечната дистанца која што можат да ја поминат голем дел од традиционалните автомобили, а постојат и модели кои што одат преку ова без никаков проблем.

Вториот недостаток е цената. Имено, купувањето на електрични автомобили е далеку поскапо кога ќе ги споредите со традиционалните автомобили, а со тек на време, ќе треба да направите и комплетна промена на батеријата.

За крај, третиот недостаток е тоа што на електричните автомобили им е потребно повеќе време за полнење на батеријата, што не е случајот со традиционалните автомобили.

Но, на долг рок, размислете, што е подобро - чиста животна средина или пак, средина која што е исполнета со штетни гасови и бучава?


Се надеваме дека оваа статија ви помогна подобро да ги разберете придобивките од користењето на електрични автомобили, како и да ја знаете нивната моментална и идна позиција во Македонија.

Топло ви препорачуваме и понатака да го следите нашиот блог, бидејќи тука, ќе можете да прочитате најразлични совети и статии од секаква тематика!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации