Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to make a perfect green lawn in your yard


5 совети за да добиете прекрасен тревник во вашиот двор


Сигурно сте имале прилика да здогледате одлично уреден двор со преубав тревник на кој што не можевте да престанате да му се восхитувате, а големи се и шанситеда сте посакале да имате токму таков тревник во вашата градина!

Во оваа статија, ќе можете да прочитате одлични информации кои ќе ви помогнат да поставите нов, или да го подобрите постоечкиот тревник, кој што значително ќе ја подобри убавината на вашите куќи а воедно, и ќе го трансформира вашето живеалиште во релаксирачко и пријатно место за живеење!


#1 Ѓубрење

 Како што знаеме, градината бара многу внимание и работа за да изгледа фантастично, а тревникот исто така бара голема нега и посветеност од вас, за да изгледа прекрасно, токму онака како што отсекогаш сте сакале.

За да ги постигнете овие резултати, потребно е да го одберете вистинското ѓубриво, бидејќи тоа е всушност храната која што ќе направи тревникот да порасне и да се развива правилно.

Па така, препорачливо е да ја направите првата прихрана уште во фебруари, и тоа со  NPK 15.15.15 ѓубриво, (околу 3-5кг на 100m2), а потоа, во следните месеци почнувајќи од март - јуни, потребно е да употребите азотно ѓубриво 27% (2-4кг на 100m2), бидејќи ова ѓубриво ја прави тревата бујна со убава темно зелена боја.

Околу ноември, се препорачува да додадете минерално ѓубриво NPK 8.16.24 ( 2-3кг на 100m2), бидејќи примарна функција е да допринесе кон засцврстување на самиот корен на тревата.


#2 Косење

Косењето не придонесува само кон тоа травникот да изгледа прекрасно, туку тоа е клучно за да секое наредно растење на тревата, таа да биде се побујна и поцврста што е клучно за целокупниот квалитет на оваа површина.

Генерално, косењето треба да се направи штом ќе нарасне тревата околу 5-8cm, додека пак, кастрењето е на околу 2,5cm, но, се разбира, во ова голем удел ќе има и типот на засадената трева.

На почетокот, можете повеќе пати да ја косите тревата, особено доколку таа е тазе посадена, бидејќи колку што почесто ќе ја косите, толку нејзиниот корен ќе биде појак и поздрав.

Но, запаметете дека никогаш не треба да ја ја косите тревата пониско од 1/3 од нејзината целокупна должина, бидејќи тоа може да влијае негативно врз квалитетот, бидејќи соголеноста го прави тревникот подложен на голомразица, поројни дождови и сл.

Во поглед на "идеалната должина" на тревникот, би сакале да знаете дека некои сопственици сметаат дека таа изнесува 3cm, додека пак, други, од 2 - 2,5cm.

За крај на овој дел, би сакале да ве информираме дека за последен пат, се препорачува тревата да се искоси на почетокот на октомври, бидејќи на овој начин ќе овозможите да се создаде слој од лисна маса кој што ќе ја заштити во подоцнежниот период.


#3 Наводнување

Во поглед на наводнувањето, агрономите сметаат дека најголемата ефикасност се постигнува помеѓу 3-6 часот наутро, па затоа, би ви сугерирале да не ја наводнувате тревата навечер поради тоа што вечерното наводнување води кон појава на болести кај травниците.

Во летниот период, кога температурите се повисоки од вообичаеоното, иако сметате дека потребни се поголеми количества на вода, имајте на ум дека ова може да се покаже и како лоша идеја, доколку тоа го сторите со црево или со силен млаз, особено ако се работи за млада трева.

Наместо тоа, користете посебен систем за наводнување, или распрскувачи кои што се евтини и не бараат некоја поголема инвестиција, а крајниот резултат е во голема мера ист.

Во поглед на фреквентноста, травниците имаат потреба од наводнување 2 пати седмично, и тоа од 10-15милилитри, 5-10л дневно на секој m2. или пак, еднаш неделно со испуштање на 200 литри на 100m2.

Како и да е, балансираното наводнување е клучот за да постигнете одлични резултати кај вашите травници, па затоа, направете добра проценка за да не дојде до прекумерено наводнување кое ќе се покаже како кобно за квалитетот на тревата.


Како правилно да посеете тревник?

Кога станува збор за сеење на нов тревник, најдобриот начин за да постигнете фантастични резултати е ако сеењето го започнете во топло и влажно време, како што е есенскиот период од септември - октомври.

Се разбира, на вам нема да ви биде забрането тоа да го направите на пролет, но, ако се одлучите за овој избор, тогаш резултатите не би биле толку добри, а како главен причинител се јавува плевелот, и тоа што земјата во овој период е постудена.

*Ако сакате да направите досејување на постоечкиот тревник, тогаш мај и јуни се најдобрите месеци за постигнување на одлични резултати.


Подготовка

Пред да се одлучите за сеење, не пропуштајте го најважниот дел а тоа еодбирање на свежо семе со ознака наспроти старо или неозначено семе бидејќи вториот избор ќе Ви понуди за 50% понизок квалитет при 'ртење. 

Потоа, измерете ја површината во градината на која што сакате да го посеете тревникот и имајте наум дека за секој метар квадратен ќе ви бидат потребни околу 25 грама на семенски материјал.

Откако ќе ги сторите овие работи, искористете го вашето гребло и направете браздички во земјата од околу 1-2cm кои ќе го прекриваат семето, и не заборавајте да ја одржувате површината влажна, бидејќи тоа е основниот предуслов за да семето започне да расте неколку cm.

Во просек, семето никнува после 14 дена.


Сеење

Сеењето можете да го направите на 2 начина - рачно или машинско, а изборот исклучиво го оставаме на Вас, бидејќи крајниот исход е речиси идентичен.

Во поглед на рачното сеење, овој процес бара од вас да ги распределите семето на помали делови со иста големина, а за ова, најчесто се користат дрвени колци бидејќи тие ќе Ви помогнат да постигнете рамномерно сеење.

Следниот чекор е да  измерите колку ќе ви биде потребно семе за секој дел, а потоа, поделите го  семето на два еднакви дела (земете една чашка која ќе служи како мерач) и започнете со нанесување на половината од семето во една насока, а другата половина посејте ја под прав агол ( во однос на почетната насока).

Најчесто, рачното сеење се користи за помали површини.

Кога станува збор за машинското сеење, ова е далеку попрактично решение, а единственото нешто кое што треба да го подготвите е да употребите јута по рабовите на тревникот, бидејќи тие ќе спречат машината да не запира кога ќе пристигне до крајот од тревникот.


Се надеваме дека гореспоменатите совети ви беа повеќе од потребни за да дознаете како можете да добиете травник од соништата во вашата градина, а единственото нешто што се бара од вас е трпеливоста, и посветеноста!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации