Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

4 dog breeds that can't tolerate sun heat


4 раси на кучиња кои што не можат да толерираат топлина


Летните горештини можат навистина да им наштетат на одредени раси на кучиња, бидејќи нивната градба, крзното и останатите физички карактеристики ги прави мошне ранливи на сонце и топлина, па така, неретко се случува кучињата да бидат дехидрирани, но, и да имаат зголемени шанси за срцеви удари и хипертермија.

Во оваа статија, ќе имате можност да прочитате кои 4 раси на кучиња имаат мала толерантност кон сонцето и топлината, па доколку сте сопственик на некои од нив, ве советуваме да обрнете големо внимание врз нивната нега, безбедност и здравје за време на летото!                       


Интересен факт: кучињата не се потат, туку тие се ладат преку кратко дишење и издишување на воздух, што значи дека некои раси на кучиња се далеку по нетолерантни на топлина. Повеќе интересни факти ќе можете да прочитате тука.


Француски булдог

Францускиот булдог е еден од оние раси на кучиња кои што немаат голема отпорност на жештина, а тоа најмногу се должи на нивната конструкција која ги прави нетолерантни кон сонцето, како и неподобни за да прават некои поголеми физички активности додека е жешко.

Зошто споменавме "конструкција"? Одговорот е едноставен, бидејќи ова куче спаѓа во групата на тн "брахиоцефалични" кучиња, кои што се карактеризираат со уникатни анатомски карактеристики како "краток череп", рамен нос и кратка муцка.

Во оваа група на кучиња спаѓа францускиот булдог, но, има и случаеви каде што од овој синдром патат и мачките како што е хималајската и персиската мачка.

Поради ова, францускиот булдог има потешкотии со дишењето, како и низок праг на толеранција за енергично трчање во услови на жешки температури.

Па затоа, голем број од експертите сугерираат сопствениците на француски булдог да прават прошетки во 8 часот наутро, или околу 8 часот попладне, кога температурите се пониски од вообичаеното.

Во секој случај, немојте да заборавите и да му дадете на вашето куче доволно вода во текот на летната сезона, и тоа помеѓу 500-750ml, бидејќи во спротивно, оваа раса на кучиња ќе дехидрира, па дури и неретко се случува да колабираат без да забележите никакви предупредувачки знаци.

Доколку се прашувате која температура е висока za вашиот француски булдог, одговорот би бил 24°C,  што значи дека овие кучиња се повеќе за чување во станови, куќи или во затворена просторија.


Померанец

Померанецот е преслатко куче со неверојатно привлечен изглед и крзно кое што има дури 2 слоја, првиот слој е густ и волнест, а вториот е сочинет од меки, но значајно подолги влакна кои ја прават оваа раса на кучиња нетолерантна кон топлина и високи температури.

Крзното на померанецот колку што изгледа убаво, толку може и да влијае негативно врз самото куче, особено доколку планирате некои активности на жешки температури заедно со кучето, а причината е навистина едноставна.

Имено, крзното поттикнува загревање на телото, дури и кога кучето не е физички активно или изложено на сонце.

Најчестите симптоми кои што се појавуваат кај оваа раса на кучиња откако ќе бидат изложени на жештина подолг период се повраќање, стомачни тегоби, дијареа, тотално колабирање, па дури и срцев удар.

Исто така, никогаш немојте да го оставате вашиот померанец сам, заклучен во вашите автомобили или возила кои се паркирани и изложени на сонце, бидејќи тоа може да доведе до срцев удар.


Акита ину

Акита ину е повеќе од раса на куче, всушност, овие кучиња се синоним за верност, прекрасен став и изглед, но, и јапонски бренд кој што ја претставува оваа држава во светот.

Оваа раса на кучиња води потекло од планинските предели на Јапонија па поради тоа, нивното крзно е специфично, односно однадвор е цврсто, додека пак, одвнатре е меко и густо.

Поради тоа, овие кучиња можат без никаков проблем да се сносат со поладни температури без никаков проблем, но, кога станува збор за повисоки температури, тие можат да издржат топлина, ама не на долг рок.

Причината поради ова e самото крзно кое што е изградено за да го заштити кучето од студ, па затоа, во летни услови, тоа ќе придонесе кон рапидно зголемување на телесната температура на кучето кога истото е изложено на сонце.

Исто така, би сакале да ве информираме дека акита ину може да толерира температури до 30°C, иако најоптимални се оние до 24°C, па поради тоа, внимавајте во кое време излегувате со кучето за шетање, трчање или правење на разноразни физички активности.


Мопс

Мопс или "pugs" расата на кучиња спаѓа во групата на "брахиоцефалични" кучиња исто како францускиот и англискиот булдог, а тоа ги прави нетолерантни и неадекватни за да бидат изложени на сонце на подолг временски период.

Всушност, експертите препорачуваат овие кучиња да не бидат изложени повеќе од 15 минути на сонце, бидејќи на мопс кучето му се потребни само 10 минути за да доживее фатален срцев удар, и многу малку за да доживее топлотен шок.

За волја на вистината, мопс кучињата се исклучиво наменети за чување во домашни услови, па затоа, доколку се прашувате кога е најдоброто време за прошетка, одговорот би бил во рано во утринските часови или во попладневните часови кога температурите ќе бидат пониски.

При прошетка во лето, препорачливо е и да си понесете шише со вода кое од време на време би го употребувале за да го разладите кучето или пак да му дадете вода за пиење која ќе помогне кон балансирање на телесната температура.


Совет кој што може да Ви биде од корист

Иако постојат исклучително добри раси на кучиња кои што можат да поднесат топлина и студ, сепак, додека кучето е малечко, имајте на ум дека истото не треба да биде изложено на сонце.

Зошто? Бидејќи во најраната возраст, кучињата сеуште немаат оформено отпорност кон топлина, ниту пак знаат како да ја регулираат сопствената телесна температура со надворешната.


Се надеваме дека оваа статија од информативен карактер ви помогна да дознаете кои се 4те раси на кучиња кои што не толерираат топлина, па, доколку сте сопственик на еден од нив, тогаш ве охрабруваме да им посветите доволно грижа со цел да избегнете несакани, фатални последици кај вашето домашни милениче.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации