Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

3 совети за зголемување на онлајн продажбата
3 совети за зголемување на онлајн продажбата

Успешната продажба на онлајн платформите за огласување како што е Pazar3.mk, без разлика дали се работи за продажба на нов или користен производ или услуги, зависи од квалитетот на огласот што ќе го направите. За подобро да објасниме што значи квалитетeн оглас, ќе зборуваме за неколку компоненти, и кои беа одговорите на нашите долгогодишни клиенти кога ги прашавме што е важно за оглас кој води до успешна продажба. Четирите компоненти кои дефинираат успешен оглас се насловот на огласот, фотографиите, описот и цената на огласуваниот производ или услуга.

Постојат многу начини на кои може да се формулира еден оглас, но оглас без слика и со краток опис секако не е начин кој води до успешна продажба на огласуваниот производ или услуга. Истиот производ или услуга, во зависност од тоа како е претставен на публиката, може да се продаде побрзо или побавно. Огласувачите кои продаваат на Pazar3.mk истакнуваат дека фотографиите се најважниот елемент во еден оглас, што најмногу влијае на успехот на огласот. Клиентите, bet365 исто така, мислат дека добрите фотографии се клучни во одлуката дали ќе погледнат еден или друг сличен оглас.

Неколку совети за креирање на квалитетни фотографии 

  • Користете оригинални фотографии направени лично од Вас како огласувач, а не фотографии преземени од интернет
  • Прикачете што повеќе фотографии, за потенцијалниот клиент да може да го види производот од сите страни и да ги види сите детали, сите предности и недостатоци на рекламираниот производ
  • Kвалитетните фотографии се фотографии направени кога има добра светлина, не се матни и може да се зумираат без да се изгуби нивниот квалитет

3 совети за формулирање на добар наслов на оглас

  • напишете краток и јасен наслов кој веднаш кажува каков производ се огласува
  • користете наслов што содржи зборови што купувачот би ги користел при пребарување на огласуваниот производ онлајн
  • ставете наслов кој го содржи точното име на моделот и брендот на производот и не содржи непотребни зборови како ИТНО, ИТНО или НОВО, НОВО

Неколку совети за добар опис во огласот

  • уредно форматиран и граматички точен опис укажува на сериозен, сигурен и доверлив огласувач
  • треба да се креира детален опис кој јасно ги опишува карактеристиките на производот, недостатоците, предностите, техничките спецификации и сите информации кои можат да влијаат на одлуката за купување
  • описот треба да биде соодветен за производот, не користете текст преземен од друга страница или текст кој го користите и за други огласи

Искуството покажува дека добро формулиран и комплетен оглас создава доверба кај заинтересираните купувачи. Добриот оглас всушност создава доверба дека огласуваниот производ bet at home е како што е прикажано на фотографиите и описот. Наслов кој накратко и јасно покажува за каков производ се работи, детален опис кој содржи се што би го интересирало потенцијалниот купувач и слики кои јасно ја покажуваат состојбата на рекламираниот производ, укажуваат на тоа дека огласувачот се потрудил и дека позитивно влијае на одлуката на заинтересираниот купувач. Конечно, обидете се да изберете одлична насловна слика и наслов на реклама што навистина се разликува од другите и го привлекува вниманието на читателот. На тој начин вашата реклама сигурно ќе ја гледаат најголем број корисници.

Онлајн купувањето не се однесува само на производи, на страниците со класифицирани огласи како Пазар3 луѓето бараат и огласуваат и работни места

Сајтовите со класифицирани огласи можат да бидат многу корисни за секого, бидејќи овде луѓето купуваат и продаваат сè што ќе посакаат. Тие огласуваат производи, но исто така услуги и avrm вработувања. Исто така, овде луѓето продаваат работи што ги купиле од страници како bricolage mk, но не им требаат повеќе.

Без разлика што огласувате, следејќи ги овие совети споделени погоре, дефинитивно ќе остварите брза и успешна продажба.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации