Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

15 години Пазар3.мк!

15 години Пазар3.мк!

Прославуваме 15 години овозможувајќи на секој да купува и продава ЛЕСНО, БРЗО и ЕДНОСТАВНО!

Пазар3.мк го претставивме пред македонската јавност во далечната 2006та година, во време кога интернетот во Македонија беше толку многу недостапен па дури и непознат за повеќето во државата.

Понесени од идејата за лесно, брзо и едноставно онлајн огласување, со многу труд, а пред се волја за работа, се издигнавме до ова што сме денес - најголемиот веб сајт за огласување во државата!

Во изминативе 15 години сме услужиле безброј клиенти и сме огласиле безброј огласи. Започнавме со еден веб сајт а потоа ја започнавме нашата приказна и во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Авганистан, каде што успешно функционираме и го услужуваме тамошниот пазар. Започнавме во време кога луѓето се запознаваа со интернетот, а сега нашиот сајт е посетен од повеќе од 1.500.000 посети месечно во Македонија, 2.500.000 посети месечно во Албанија, 2.500.000 посети месечно во Косово, итн.! 

Во изминативе 15 години стекнавме голем број на клиенти, како физички лица така и компании. Дел од продавниците на нашиот сајт се со нас од самиот почеток и веќе се наши пријатели, а не само клиенти. Со вас драги клиенти растеме и се развиваме!

15 години Пазар3.мк!

Во изминативе 15 години постојано воведувавме новости, ги подобрувавме нашите услуги, а наскоро за нашите корисници приредуваме и уште поголеми иновации и мoжности за ПОБРЗА и ПОЛЕСНА купопродажба.

Им Благодариме на сите наши досегашни и идни клиенти! Следете не - НАСКОРО Ве очекуваат многу новитети!    

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации