Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

10 tips for optimal fuel efficiency

10 совети за возачи: Како да заштедите на гориво?

Во изминатиот период, се почесто го поминувате времето точејќи гориво на бензинските станици, а притоа, потрошувачката на гориво на вашите автомобили постојано расте, а сразмерно на тоа и трошоците Ви сè се поголеми?

Причинителите се многубројни, но, во секој случај, ние ќе се обидеме да ви понудиме 10 најважни совети кои во пракса, ќе ви помогнат да ја зголемите економичноста на вашите возила за неколку нивоа погоре!


1. Сервис

Еден главните причинители за големата потрошувачка на гориво со кои се соочувате вие и вашите возила е (не)редовното сервисирање кое генерално, треба да го правите на секои поминати 10 000 километри, или пак барем еднаш годишно доколку не ја поминувате оваа километража.

Тоа подразбира промена на масло, филтри, одредени авто делови кои што не се во добра состојба, и се останато, бидејќи колку што колата е во подобра состојба, толку и потрошувачката би била помала.

Секако, доколку сте сопственици на нови автомобили, потрошувачката на гориво нема да биде огромна, но, ако се работи за половни автомобили, тогаш таа постепено би се зголемувала особено доколку не се грижите како што треба.


2. Тип на возило

Имајте на ум дека кон поголемата потрошувачка на гориво, главниот причинител би бил и моделот на автомобилот кој што го возите, имено, колку што е потешко возилото, толку и повеќе би трошело што е нормално.

Па така, на пример, сопствениците кои возат мали автомобили во просек трошат помалку од оние кои возат SUV/теренски возила, па затоа, наш совет би бил при купување на автомобили да ги фаворизирате помалите модели.

На Пазар3, понудата е огромна, па така, би можеле да одберете од моделите на Audi, Fiat, Ford, Mercedes-Benz, Opel, Volkswagen и така натаму!

3. Гуми

Покрај безбедност при возење, изборот на гуми придонесува и кон потрошувачката на гориво, особено доколку сте одбрале нови гуми, кои во просек ја намалуваат потрошувачката за 2-4%.

Но, она што најчесто го прават возачите е тоа што одбираат гуми кои имаат далеку поголеми димензии од оние кои што се пропишани за самото возило, а најчестата причина е атрактивноста која го нудат за возилото.

Бидете сигурни дека ова не Ви е потребно, бидејќи колку што сметате дека ќе Ви биде по "атрактивна" колата, толку би била и поголема потрошувачката, поради фактот што отпорот, триењето на асфалтот и зголемениот отпор на воздухот ќе биде зголемен за неколку пати повеќе.

Покрај ова, би сакале да ве информираме да не заборавате да ги пумпате гумите поради тоа што секое намалување на воздушниот притисок во гумната, потрошувачката за гориво се зголемува.

4. Брзина на возење

Брзината на возење е исто така еден од најглавните причинители за зголемената потрошувачка на гориво, бидејќи колку што побрзо возите, толку вашата кола побрзо ќе го согорува горивото.

Во принцип, автомобилите, пикап возилата, SUV/теренските возила се направени на начин да заштедат гориво се додека се движите помеѓу 50 - 80 километри на час.

Па така, ако ја надминете брзината од 100 km/h, и да речеме во моментот возите со 120km/h, вие ќе трошите за 20% повеќе гориво во споредба ако предходно сте возеле исклучиво со 100 километри на час.

Затоа, прилагодете ја брзината според сообраќајот, или пак одржувајте постојана брзина наместо да возите пребрзо, бидејќи тоа не оди во прилог ниту кон потрошувачката на горивото ниту кон безбедноста за вас, и на останатите учесници во сообраќајот.

5. Не стојте во место доколку немате потреба

Според некои иситражувања, моторот би трошел околу 300 милилитри гориво на секои 10 минути, кога вашето возило мирува, иако при возење, Вие сигурно би се нашле во вакви ситуации поради семафорите, или пак поради застојот на сообраќајот.

Сепак, кога не сте приморани, најдобриот совет би бил да избегнувате да го оставате автомобилот да работи кога чекате некого, плаќате нешто, или пак, при загревање на автомобилот како што често правите.

Наместо да го практикувате последниот пример, пробајте да го загревате моторот преку возење, а не преку стоење во место.

6. Не возете кога не морате

Ако често го користите автомобилот и во ситауции како одење на кафе со најблиските, тогаш оваа практика нема само лошо да се одрази врз потрошувачката на гориво, туку и на вашето ментално здравје, бидејќи одењето пеш е секогаш добра идеја.

Како што знаеме, градовите во Македонија не се преголеми, ниту пак локациите не се оддалечени премногу едни од други за да морате постојано да бидете во кола.

Во светот, возачите најчесто ги користат своите возила само во ситуации кога тие се навистина неопходни - носење на децата во градинка, училиште, патување до работа и сл.

7. Не возете со вклучена клима кога не е неопходно

Сигурно често во летната сезона практикувате возење во кратки или долги релации каде што климата Ви е постојано вклучена, дури иако е постигната оптималната температура во возилото.

Според истражувањата на владата на Канада, вклучената клима може да ја зголеми потрошувачката на гориво за дури 20%, а причината е зголемената работа на моторот.

Наш совет би бил да го правите тоа одреден период, а потоа, откако ќе забележите дека температурата во вашиот автомобил е оптимална, тогаш исклучете ја климата, а тоа ќе води кон намалени трошоци за гориво.

8. Внимавајте како кочите

Имајте на ум дека секое кочење значи и завршување на "моментумот" односно на силата на забрзување на вашето возило, а тоа се одразува многу и на потрошувачката на гориво.

Се разбира, кочницата е навистина важен дел од вашиот автомобил кој што може да Ви го спаси животот, или пак да спаси нечив живот, но, нашата поента е да го следите текот на сообраќајот, и почесто успорувањето да го прави моторот наместо вие.

На пример, доколку возите околу 100 km/h, и за кратко време наидувате на патарина, наместо да кочите во моментот откако ќе ја здогледате патарината, препуштете се на моторното кочење малку порано, и на крај, вашето возило постепено ќе ја губи брзината наместо да притискате на кочницата.

9. Отстранете го непотребниот товар

Откако веќе дознавте дека колку што е потешко возилото, толку би била висока потрошувачката на гориво, па затоа, отстранете го тоа што не Ви е потребно, освен онаа опрема која што според законот треба да постои во вашите автомобили.

Некогаш не сте ни свесни дека имате огромен број на работи складирани насекаде во автомобилот, па дури и во багажот, а нивното присуство не само што ја зголемува потрошувачката на гориво, туку во истовреме, беспотребно го натрупува одличниот ентериер на возилото.

10. Испланирајте буџет

Иако ова директно не влијае врз потрошувачката на гориво, сепак, на долг рок, Вие ќе имате значително подобра претстава колку всушност трошите пари за полнење на вашиот резервоар.

Наш совет би бил да одвоите одредена сума на пари на месечно ниво, и да возите онолку колку што можете според таа сума на пари, а причината е едноставна.

Најпрвин, вие нема да возите кога е непотребно, потоа, тоа нема да доведе до амортизирање на колата, и трето, тоа ќе води и кон помали сервиси и се разбира, помала потрошувачка на дневно, недено или пак месечно ниво.


Практикувајќи ги горенаведените совети, вие во голема мера ќе ја намалите потрошувачката на горивото на вашиот автомобил, или пак, би знаеле каде грешите и што води кон брзото трошење на горивото.

Се надеваме дека на било кој начин ви помогнавме, бидејќи Пазар3, како и секогаш, така и овој пат ви излегува во пресрет нудејќи ви совети кои ќе ви бидат од корист.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации